Лудиот меч на Стемфорд Брич со 8 гола и 3 црвени картони
Од Боксинг деј се паметат многу откачени резултати со драматични завршници, а ние налетавме на Челси - Астон Вила 4:4 од пред точно 10 години. Гостите имаа 0:2, па губеа 3:2 поради расположениот Шевченко. Кога Балак погоди во 88-ма за победа, всушност ништо не беше завршено. Судијата имаше многу работа. Ги избрка Карваљо, Ешли Кол и Зат Најт од Вила.