Во 32-та минута од мечот Аталанта - Торино се случи реткост која не сме навикнати да ја гледаме во фудбалот.
Белоти падна на земја во зоната за слободен удар од каде може директно да се бие во гол, судијата му даде жолт картон на Ромеро за фаулот, но напаѓачот на Торино одби да го изведе.
Голем гест за почит на Белоти кој има уште поголема тежина затоа што Торино во тој момент губеше 3:0 од Аталанта. Речиси сите играчи би премолчиле во tаква ситуација, а многумина симулираат за да добијат слободен или пенал.
Судијата сепак одлучи да досуди фаул за Торино, а Белоти покрај тоа што му одмавна дека немало прекршок потоа реши да остане џентлмен до крај и само му ја додаде топката на голманот.
Десет минути подоцна намали на 3:1, а неговиот тим успеа и да се избори за нерешено 3:3.