Концептот на работа на Малдини преку 10 важни поенти

На фестивалот за спорт во Тренто, впечатлив говор имаше Паоло Малдини кој зборуваше за неговата функција во Милан, тешките почетоци, стратешките потези, соработката со газдите...

За самиот себе

„Со мојата улога сакам да чувствувам еден вид гаранција во проектот на Милан, бидејќи имам силни корени во овој клуб. Во првите шест месеци како функционер, не се чувствував ниту подготвен, ниту адекватен. Кога ќе се вратев дома и сопругата ќе ме праша, како помина? Одговарав: Да преминеме на следното прашање. Сега сум сигурен дека ја искористив можноста во вистинско време“.

Паоло вели „да“ само ако е сигурен 100% и имаше способност да влезе во оваа игра на 50 години. До тој момент Милан беше некој што ќе заѕвони на врата и никој не му отвора. Паоло беше искрен пред публиката. Првиот семестар му беше катастрофален, но Леонардо сепак го повлече напред како помал брат и му рече: „Ќе видиш дека ќе ја сфатиш оваа професија, способен си и тоа добро да ја работиш“.

За некој како Малдини, навикнат да живее со сигурност стекната како играч, да се најде во улога на одговорност што никој ја немал, веројатно е еквивалентна на возмениреноста што сега ја има Ибра кој е пред повлекување. Неизвесноста од непознатото. Но Малдини успеа да ја надмине.

Семејството и гордоста на припадност

Презиме застапено кај росонерите 70 години. Циклус кој сè уште трае.

„Тоа презиме на Даниел му создаде маки, тоа го знам добро, бидејќи го поминав. Но секако презимето на мојата фамилија е нераскинлив дел од овој клуб и наскоро во Миланело ќе има трибина која ќе го носи името на татко ми. Сеќавањата за него се живи“, вели Малдини.

Разбирање и јасни договори со Кардинале

„Се работи за човек кој сака да работи и слуша, а тоа ми се допаѓа многу“.

Кардинале пред потпишувањето, поминал неколку часа дома кај Паоло од каде што излегол со ентузијазам. Малдини ги ценел новите сопственици на клубот, но во исто време неговата порака била јасна: Да има договор за одржливост на клубот, но и простор за инвестирање, со тоа што одговорноста за трансферите да биде на Малдини. Ако работите не функционираат повторно тој да биде одговорен.

Внимателност и упатства во преговарање

„Кога се обидувате да купите некој играч, се соочувате со разни потешкотии, бидејќи треба да претставите проект различен од оној во ерата на Берлускони. Тоа значи намалување, но за проектот треба да кажете дека е веродостоен и секако победнички“, објаснува Малдини.

Тука се јавуваат потешкотиите, бидејќи тој не може да игра на пазарот како што се случуваше кога тој беше играч. Мора да се работи во границите на ограничените буџети.

Трансфер пазар, буџет и одржливост

„Пазарот е динамичен, а пред да се соочиме со Де Кателаре, се обидовме да го земеме Ботман, кој ќе го исцрпеше буџетот. Во овие моменти на развивање, не смееме да купуваме просечни играчи, туку играчи со голема перспектива. Кога во јануари располагавме со мал буџет, на сопствениците им реков: Нема потреба, јаки и сме и вака“.

Паоло се прилагоди на корпоративната политика заснована на внимателност, но веројатно би сакал да има малку поголема слобода од време на време. Некои имиња останаа недовршени поради разликата меѓу побарувачката и понудата. За други играчи тој ги туркаше работите со голема самодоверба.

Масара

„Ние сме дуо“. Паоло ова го кажа со насмевка, но не оди предалеку. На социјалните мрежи ги преименуваат во М&М. Заедно се на Миланело, на стадион, па дури и на одмор со жените. Паоло и Рики се одличен тандем. Кој ги познава, вели дека кога се заедно ретко зборуваат за сериозни теми. Масара на некој начин му беше водич на Малдини. Рики меѓу врвните експерти за трансфери во Италија, а Паоло во истата улога од пред неколку години.

Во одбрана на Пиоли во моменти кога му е потребна

„Има луда и несекојдневна енергија за која не знаев. Ги споделува нашите проекти и не бара алиби“.

Кога се надѕираше Рангник, Паоло направи ѕид и објасни сошто Пиоли би било најдоброто решение. Неспорно е дека нивната врска е одлична и дека постои меѓусебна почит, но тој како тренер и сам многу си помогна. Малдини го вклучува и во трансферите. Постои речиси целосна симбиоза од страна на Пиоли кон М&М.

Умерен оптимизам за Леао

„Рафа ни е благодарен и ме интересира тоа што ни го кажува. Односно неговиот пат во наредните години треба да биде во Милан“.

Тешко дека Паоло форсира нешто и користи некој концепт кој се коси со вистината. Проблемот е што разумот на Леао не е ист со Мендеш и францускиот адвокат кои му се агенти. Бараат висока плата од 7 милиони евра за која Малдини може само да посредува меѓу тие што ја бараат и сопствениците на клубот.

Заеднички стадион со Интер

„Соживотот со Интер помина добро, делевме трофеи, стадион и плоштад и затоа не би било проблем повторно да го делиме“.

Тоа е визијата на миланското градско ривалство. Онаму каде што границата на законите никогаш не се преминува. Навивачите притистикаат за сопствен стадион, но Паоло очигледно претпочита прагматизам,  нешто што ќе генерира многу приходи и кое може добро да се справи и во соживотот.

Соништа

„Јас сум многу реален, но и човек кој има многу соништа, а сонот за постигнување максимален резултат пренесува самодоверба“.

Тој се осврнува на пораката што ја испрати на Божиќ: „Ќе го освоиме Скудетото. Паоло очигледно не бил сигурен дека можат да успеат во тоа, но поттикнал ментален процес.

Цитатите на Малдини и анализата ги пренесуваме од Газета дело Спорт.

10 октомври 2022 - 15:50