Се вика Франческо Репиче, коментаторот кој го работеше финалето Англија - Италија на радио Раи 1.
Финишот го искоментира на најјако, полн со емоции и без да земе воздух. Сите убавини во Италија почна да ги брои, плус ги пецна Англичаните дека фудбалот се вратил дома.
„Станавме шампиони на Европа откако не успеавме да се пласираме на Мундијалот. Драги слушатели, конечно може да плачеме од радост затоа што Џиџо Донарума ни го подари најголемото задоволство, а и Спинацола кој се радува со своите соиграчи. Фудбалот се враќа дома, фудбалот се враќа каде што се роди, на плоштадите, во преубавата Фиренца, во вечниот град Рим, во морето, на Везув, потоа ќе се симне во убавиот Неапол и потоа на островите како што е Сардинија, како и во Џенова, Милано, Торино и во водите на Венеција...“
🔵#EURO2020 #ItaliaInghilterra
— Rai Radio1 (@Radio1Rai) July 11, 2021
Francesco #Repice nella ‘bolla’ dello studio di Saxa Rubra di Radio1, racconta il successo dell’Italia ad #Euro2020#ItsComingRome#ItaEng pic.twitter.com/El5rwzP6rv