Кој е младиот талент од Аргентина?
Вието беше разочаран откако беше исфрлен од Естудијантес на возраст од 15 години, за потоа да замине во Расинг Клуб каде Диего Симеоне му даде шанса да дебитира на 17 години.
„Јас ќе му бидам благодарен на Диего до крајот на мојот живот” изјави младиот Вието.
Најмногу се истакна во вториот дел од сезоната 2012/2013 со 8 постигнати гола. Вието го продолжи својот развој откако почна да соработува со иконата на Расинг и поранешен играч на Интер, Диего Милито.
„Тој е импресивен играч, еден од најдобрите кој се појавиле во тимот на Расинг”, изјави за него Милито.
Каков тип на играч е?
Вието може да игра длабоко во нападот или околу шеснаесетникот, бидејќи е брз и многу интелегентен играч. Иако не е толку физички спремен, сепак успева да ги издржи дуелите и во комбинација со неговата брзина игра навистина добро.
Со оглед на неговата висина го споредуваат со Серхио Агуеро и таа споредба него му одговара.
„Прекрасно е да те споредуваат со таков играч, јас сакам да бидам само половина од тоа што е Агуеро. Тој е извонренден играч и тоа го покажува со секој негов настап”.
Како изигра лани во Вињареал?
Со неговите 12 постигнати гола во Примера Вието имаше ист број голови колку и Марио Манџукиќ, а еден помалку од Герет Бејл. Тој го постигна решавачкиот гол на Висенте Калдерон и му го нанесе првиот пораз на Атлетико Мадрид после 18 месеци на домашен терен.
Што може да очекуваме од него во Атлетико Мадрид?
Новата соработка со Диего Симеоне нема да му гарантира на Вието место во стартниот состав. На првиот негов тренинг Симеоне му се поднасмеа, откако го забележа дека не може да го издржи високото темпо кое му го наметна.
Дури и на Антоан Гризман му требаше време да се адаптира на стилот на игра во Атлетико, но Вието има талент и тренер кој верува во него. Доколку Симеоне работи со младиот талент, Вието би можел да биде дел од Атлетико Мадрид долг период.