Кинеската фудбалска репрезентација изгледаше прилично необично на пријателските натпревари од меѓународниот турнир China Cup на кој катастрофално ги загубија двата свои меча - против Велс (0:6) и Чешка (1:4).
Неколку играчи на Кина излегоа на теренот во дресови со долги ракави што не е толку чудно колку што беа чудни преврските кои неколку играчи ги замотаа околу рацете.
Како на пример напаѓачот Шихао Веи:
Или играчот од средниот ред Хе Чао со број 13 на мечот против Чешка:
Истиот фудбалер против Велс:
Бекот Џианг Жипенг:
Играчот од средниот ред Цаи Хуиканг со број 8:
Се ова доаѓа како резултат на борбата против тетоважите кои во последните години станале многу популарни особено во големите градови во Кина. И репрезентативците на Кина до 23 години исто така морале да ги покријат своите тетоважи на мечот против Сирија У23 минатата сабота.
Репрезентацијата на земјата која има околу милијарда и 400 милиони жители е на 65. место на ранг листата на ФИФА.
Во јануари годинава прес службата на Владата доставила нови правила за однесување на телевизија, на радио и на други јавни места. Објавени се четири главни принципи:
- Забранети се дела кои не се поврзани со земјата, а моралниот облик е лишен од благородство;
- Забранети се дела кои се сметаат за невкусни, вулгарни и непристојни;
- Забранети се дела со ниски идеолошки правци;
- Забранети се дела кои имаат скандалозна репутација.
Под една од овие точки припаѓаат и тетоважите. На почеток не било потполно јасно за кого важат овие правила, дали само за глумците, водителите, музичарите и шоу-бизнисот или важи и пошироко.
Први „настрадале“ кинеските познати рапери GAI, VaVa и Triple H. На првите двајца им биле откажани настапите на популарните тв шоуа, а на третиот му биле тргнати сите спотови од телевиѕија.
Следен на отстрел се нашол спортот.
Најтетовираниот играч во репрезентацијата на Кина е Џан Линпен којшто не играл на последниот турнир против Велс и Чешка. Официјална причина за тоа наводно била повреда на рамето. Но можно е и дека причина е тоа што тој никако не може да ги сокрие тетоважите ни со долги ракави.
А тој е еден од лидерите на репрезентацијата кого селекторот Марчело Липи го нарекол најдобар играч во кинеската лига. Ако моралниот облик не му дозволува да игра за репрезентацијата, тоа ќе биде сериозен удар врз неговата кариера.
Интересно е што за странските граѓани овие правила не важат, па така на пример Халк, Оскар и Витцел нема да имаат проблем со тетоважите.
А кинеските фудбалери ќе излегуваат на терен вака: