Како Суботиќ го користи одморот во Етиопија

Додека повеќето фудбалери ја користат зимската пауза на некое егзотично летувалиште, познатиот српски дефанзивец прави едно многу корисна општонародна ствар. Им помага на децата кои губат часови затоа што мора да шпартаат пеш за вода. На 45 степени.

Невен Суботиќ пред неколку месеци почна со проект за изградба на бунари за вода за пиење во сиромашните области.
 
Тој заедно со неговите соработници од хуманитарната фондација замина во северниот дел на Етиопија, која важи за една од најсиромашните земји во светот. Таму е преку 40 степени, а луѓето немаа основни услови за живот. Затоа тука е фудбалерот на Борусија Дортмунд кој петти пат оди да им помага.
„Кога доаѓам тука се чувствувам како дома, затоа што среќавам сјајни луѓе. Го чувстувам пријателството и сите имаме иста цел, да создадеме свет во кој нашите деца и идните генерации ќе имаат пристоен живот.

На Суботиќ му требаат 7 часа лет за да стигне од Германија до Етиопија, а потоа уште 4 часа возење со кола до школото Ади Азер во Хази, во близина на границата со Еритреа.
 
Мештаните му приредија топол пречек со трансрапенти за поддршка, а очите на децата светеа од среќа. Температурата е 45 степени, децата се враќаат од настава, сите столчиња се полни, што не е секогаш така.
„Децата мораа да пешачат со часови за да донесат дома вода за пиење, па така губеа настава. Но сега тука имаме вода и може нормално да одат на училиште. Тоа е голем напредок“, вели нивниот настаник по англиски јазик.

Чистата вода и храната се драгоцена роба во Етиопија и затоа фондацијата помага да се изградат бунари во подалечните места. Во изминативе пет години во соработка со локалците, изградиле повеќе од 100 бунари.
„Водата е живот и секој мора да има пристап до чиста вода, посебно луѓето во руралните делови, каде водата е основа за здраството, образованието и иднината“, вели Суботиќ.
Одржувањето и чувањето на бунарите им е доворено на локалното население, кое стоперот на Борусија сака добро да го запознае.

„Децата и наставниците имаат главна улога во реализација на проектот. Мене емотивно ме исполнува приказната на децата, како и играњето и дружењето со нив“
 
„Моето семејство секогаш се труди да им помогне на луѓето во заедница. Им помагаа на луѓето погодени во војната на кои им беа потребни лекови и храна. Тоа остана вкоренето во мене, за среќа не сум го загубил тоа чувство, го имам длабоко во мене од детството“, вели Суботиќ, чие семејство ја напуштила БиХ и избегало во Германија за време на војната во поранешна Југославија.
Тој вели дека во животот сака да се занимава со две работи: фудбал и помагање преку фондацијата.

26 декември 2017 - 13:39