Како Конте да не збесне после вака глуп потег?

Групата Д во Лига на шампиони е најнеизвесна од сите. Таму сите четири екипи конкурираат за место понатаму. Тотенхем синоќа губеше дома 0-1 од Спортинг Лисабон и израмни со гол дури во 80’ минута. Не победија и ќе треба во последно коло на пеколно гостување во Марсеј да се борат за пласман во следна рунда. Ама со вакви постапки како на бекот Емерсон Ројал нема далеку да стигнат.

Антонио Конте револтиран од некои судиски одлуки и со глупоста на Емерсон Ројал во битен напад да подава „со криви очи“ на крај му донесе црвен картон и нема да го води тимот во Марсеј во последното коло.

Црвениот на Конте по протестите за одлуката на судијата по ВАР снимка дека нема гол за Тотенхем:

27 октомври 2022 - 14:44