Како игра најдебелиот фудбалер во Англија

Некој ќе дојде на прес-конференција на Луј ван Гал и веднаш добива светска слава, а некој работи на својот углед како најдебел играч и патува ширум Англија секоја недела, па никој не го забележува.

За неколку години во фудбалот, Стив МакНалти сменил дури осум клуба во ниските, послаби дивизии, иако сè започнало во Ливерпул каде ги поминал младинските категории.
 
Во 2003. година како капитен на тимот до 19 години добил предлог да потпише договор на уште една година, но тој одлучил да ги напушти Црвените од Енфилд. Бил на проба во неколку клуба од Чемпионшип и на крајот неочекувано својата професионална кариера ја почнал во осмата дивизија.
 
Во голема мера кариерата му ја уништила телевизијата, и него и на уште десетина други играчи. Телевизијата и парите. Тој момент е познат во историјата како «сollapse of ITV Digital», кога телевизиската компанија била должна да плати околу 315 милиони фунти за права на пренос на мечевите од пониските лиги на сите професионални клубови во Англија, од Чемпионшип па надолу.

Средствата не стигнале веднаш, туку во следните години, поради што доцнеле и договорите, трансферите, академиите, инфраструктурата.
„Најтешко им беше на играчите без договор. Сите ние без договор почнавме битка за почит. Тргнавме од нула“, се сеќава МакНалти.
На 20 тој веќе изгледал како да ја одиграл цела кариера и завршил во долните лиги. И ментално и физички не можел да се види сјајот на Премиерлигата кај него. Додека бил во Академијата на Ливерпул до 15 години ниеден играч не изгледал подобро од него.
„Знаете, некогаш падот е добар за да ви ги отвори очите за многу работи. Ми се врати глад за играта, почнав од ништо за да стекнам почитување".

Осмата лига не е ниво на кое може да се развивате како играч или каде некој скаут од трибините ќе ве гледа следниот викенд. Се возите од град до град со надеж дека некој што ве забележал ќе зборува за вас. Стив минал две сезона во осмолигашот Бершоу - таму го донел поранешен тренер од Ливерпул. Потоа минал две сезони во Ваксал Моторс - амбициозен тим да влезе во повисок ранг и на крајот во Бароу од каде почнал професионално.

Станал капитен, го избрале за најдобар играч во Северната конференција и ја внел екипата во петтата лига. Во сезоната 2008/2009, Бароу минува шест рунди во ФА Купот и стигнува до премиерлигашот Мидлзборо. Дури 8.000 навивачи од 70.000 жители на градот патуваат во Мидлзборо каде Бароу едвај губи 2:1. Играле добро и во првенството каде го задржале статусот.

Атмосферата во Купот била прекрасна авантура, но секојдневното преживување во петтата лига не го инспирирало Стив во целост да ѝ се посвети на играта. МакНалти одбил да игра за Бароу кога му стигнала понуда да вози камион и да превезува пакети. „Подебел е од тебе! Подебел е од тебе!", навивачите на Лутон го бодреле своевремено Стив кога играл против 110-килограми тешкиот Адебајо Акинфенва од Вимблдон кој неколку сезони по ред се натпреварува со Стив кој е подебел.

 „Имам семејство, деца и хипотека. Изгубив многу пари", објаснувал Стив а претседателот на клубот изјавил: Разочаран сум но постои само црно и бело. Тој го направи својот избор и ги стави парите пред кариерата". На Стив во клубот му плаќале половина од просечната плата на обичниот работник.

Наскоро ја загубил љубовта кон фудбалот и размислувал за пензија, но шест години во професионалниот фудбал биле прилично големо наследство за да се откаже.

Во Флитвуд Таун му понудиле пристојна мотивација и клубот го купил за рекорден трансфер од 17.000 фунти. Амбициозниот Флитвуд го поставил Стив за капитен а тој ја внел екипата во два ранга погоре. Кога би го прашале Џејми Варди за неговите авантури во Non-League кој му бил омилен играч, тоа сигурно ќе биде Стив МакНалти. 

Роналдо ја освои Европа, но 2014. година беше година на МекНалти. Прејде во четвртолигашот Лутон и постепено ширум Англија заработил почит меѓу новинарите, навивачите и играчите. МекНалти важел за еден од повештите стопери во лигата кој често знае и да стартува со рагби дуел. Не е ни чудо што за три години неговиот играчки профил на играта ФИФА напредувал со 5 ѕвездички за вештините.

Во моментов на 32 години е играч на петтолигашот Транмере каде бил избран за играч на месец февруари.

Можеби не знаете, но Стив е најмоќен играч на ФИФА 16, му дал гол на Ливерпул во ФА Купот и на крајот има канал на ЈуТјуб со дури 250.000 претплатници. Стив можел да се појави на Енфилд како Ди Каприо, да преживее и да се спаси во конкуренција на диви животни, но неговата приказна во текот на кариерата е за сèопшто почитување.