Како Лутон го зафркна модерниот фудбал

Поучени од примерите на Кардиф и Хал Сити и нивните нови газди кои сакаат да ја менуваат цела традиција на клубовите, Лутон Таун им даде право на вето на навивачите.

Веднаш откако Винсент Тан го презеде Кардиф Сити, Малезиецот ги промени логото и боите на клубот, а слична судбина ќе има и Хал Сити чии навивачи долго време протестираат против планот за менување на името на нивниот клуб.

Поучени од овие примери, англискиот петтолигаш Лутон Таун легално ја осигура клупската традиција.

Челниците на клубот потпишаа договор со конзорциумот составен од навивачите дека името, прекарот, маскотата, боите и грбот на клубот ќе останат непроменети, односно навивачите секогаш ќе имаат право на вето при донесување на одлуки за нивна промена.

18 март 2014 - 15:11