Јувентус презентираше специјална маица, со Дел Пјеро како инспирација

Новата колекцијата на Адидас е украсена со потписот и личното лого на Дел Пјеро, иконата на Бјанконерите со 19 сезони, 290 гола и 705 настапи. Наследство кое го остави оди подалеку од бројките. Дел Пјеро сè уште е симбол на идентитетот на Јуве, способен да ги обедини стилот, талентот и припадноста.

Дизајнот, инспириран од ренесансната уметност, го спојува италијанското културно наследство со модерна естетика, одразувајќи ја техничката елеганција и безвременскиот стил на „Пинтурикио“. 

17 декември 2025 - 08:19