Пресметките покажуваат дека клубот само за оваа недела ќе плати 786.000 фунти за оние кои не можат да помогнат на терен.
Радамел Фалкао (280.000 фунти неделно) поради повреда на потколеницата е отсутен веќе еден месец, а ќе го нема уште две недели.
Дејли Блинд (75.000) ги повреди лигаментите на квалификацискиот натпревар помеѓу Холандија и Летонија и ќе отсуствува подолго време. Клубот преку Твитер објави дека ќе го нема 6 месеци, а Ван Гал изјави дека ќе бидат помалку.
Дефанзивецот Маркос Рохо (75.000) кој исто така дојде летово, го повреди рамото на мечот против Манчестер Сити на почетокот од овој месец, а ќе биде отсутен уште неколку недели.
Од останатите одбранбени фудбалери Рафаел (50.000) има проблем со мускулот, Фил Џонс (50.000) со потколеницата, а Еванс (65.000) со коленото.
Ешли Јанг (115.000) има повреда на препоните, но се очекува да се врати наскоро, а сличен проблем има и Мајкл Карик (80.000).
Од убавите вести за Ван Гал е дека викендов против Арсенал ќе ги има на располагање Де Геа и Ди Марија, а најверојатно и Луке Шоу кој предвреме излезе на пријателскиот меч меѓу Англија и Шкотска.
Манчестер Јунајтед летоска потроши над 150 милиони евра на засилувања, а во моментов е на седмо место, со 13 бодови заостанување зад лидерот Челси.
Клик ТУКА ако ве интересира како се зголемува платата на Фалкао секоја секунда.