Тоа беше 99. белградско дерби меѓу вечните ривали Партизан и Црвена Ѕвезда кое заврши 2:2 и кое се играше пред 50.000 гледачи. Црвено белите водеа 2:0 со головите на Крупниковиќ и Аѓиќ, а голот од пенал за Партизан го постигна Дамир Чакар.
Партизан за овој неславен јубилеј упати честитки на својот официјален веб сајт, а веста најпрво ја закачи на насловна.
„На денешен 18 март 1995 година во 99. вечно дерби досуден е последниот пенал за Партизан против Црвена Ѕвезда, а го досуди, тогаш најдобриот судија Зоран Петровиќ. Од тогаш поминаа точно 20 години. Им честитаме на сите навивачи на Партизан за овој убав јубилеј“, стои на сајтот на клубот.