Иљараменди е највреден и најсреќен за Реал Мадрид

Фудбалерот од средниот ред на Кралевите не е име од калибарот на Роналдо и Бејл, но сезонава ги шие сите во трчање.

Асиер Иљараменди е втора сезона на Бернабеу, а покрај големиот број на ѕвезди не фаќа често место во прв тим. Но кога ја добива ја користи максимално и им отвора работа на статистичарите во шпанскиот фудбал. 

24 годишниот фудбалер кој има дефанзивни задачи во играта од средниот ред на Реал Мадрид викендов против Реал Сосиедад истрча 12,43 километри за 90 минути игра. Тоа е рекорд на еден член на тимот на Анчелоти во текот на оваа сезона. 

За Шпанецот ова не е некаква случајност или допинг бидејќи тој ги држи и двете следни најдобри времиња. На мечот против Алмерија истрчач 12,11 км, а на дуелот против Селта се издвоил со 11,87 км. 

Највредни играчи по овој параметар по него се Хамес Родригез со 11,63 км против Атлетик Билбао и Тони Крос со 11,6 на мечот против Рајо Ваљакано. 

За Иљараменди деновиве се шпекулира дека наскоро ќе заигра во друга екипа, но Реал Мадрид нека не брза и нека го прочита и следниов податок. 

На сите натпреварувања тој сезонава има одиграно вкупно 23 натпревари, а дали е случајно или сите 23 меча Реал Мадрид ги победил. На 8 од 9 меча кога бил стартер, Кралевите последни постигнувале гол.

2 февруари 2015 - 16:15