Хрватите стравуваат дека стадионот Максимир во Загреб ќе биде празен за натпреварот против Македонија. Стадионот има капацитет од 38.000 гледачи, а до сега се продадени само 1.500 влезници.
Домаќините очекуваат дека во петок пред одигрување на натпреварот ќе бидат продадени најмногу влезници, но сепак нема да има повеќе од десетина илјади гледачи.
За слабиот интерес Хрватите наведуваат две причини - неатрактивноста на нашата репрезентација и високата цена на влезниците. Тие се продаваат со цена од 500 до 2.000 денари.
Хрватска и Македонија на истиот стадион се сретнаа и во 2007-та година, а влезниците кои сега се продаваат по цена од 1.000 денари тогаш чинеа 650 денари.