Алан Ширер со 17 години и 240 дена, на 8 април пред 28 години го тресна Арсенал со три погодоци и му помогна на Саутемптон да победи со 4:2, а инаку дебитираше во сениорскиот тим две недели претходно против Челси.
Тој стана најмладиот фудбалер кој успеал да постигне хет-трик во англискиот фудбал. Ширер во кариерата потоа настапуваше и за Блекбурн и Њукасл и сè уште го држи рекордот во Премиер лигата со 11 хет-трикови.
Има постигнато и најмногу голови за 42 сезонски натпревари. 34 во сезоната 1994/1995 кој успеа потоа да ги постигне и Енди Кол и најмногу голови за 38 сезонски натпревари (31 во 1995/1996).
За неговиот прв клуб Саутемтпон поранешниот англиски напаѓач постигна 43 гола на 158 средби, за Блекбурн во 4 сезони запиша 130 голови, а легенда стана во Њукасл со 206 гола каде е најдобар стрелец во историја.
Кариерата ја заврши пред 10 години со постигнати 260 голови во Премиер лигата. 68 повеќе од Вејн Руни кој се наоѓа на втората позиција на листа на стрелци.