Фудбалерот кој не гледа фудбал, не знаел кои ќе му бидат колеги во Ливерпул

Енди Керол не е име кое ќе остане запаметено на Енфилд Роуд по неговите голови, бидејќи скоро и да ги нема, туку по што кога потпишува за 18 кратниот првак на Англија, а нема појма со кого ќе игра заедно.

Фудбалерите на Вест Хем врзаа две фини победи по ред против Кристал Палас дома и Мидлсброу на гости, а еден од најзаслужните за тоа е Енди Керол кој учествуваше со три гола на овие две средби.

Керол важи за пропадната инвестиција на Ливерпул кој на Њукасл му плати 35 милиони фунти, трансфер кој се случи на 31 јануари 2011-та на еден час пред полноќ. Му припадна дресот со број 9 кој го ослободи Торес кој во тој зимски период замина во Челси за 50 милиони фунти.

Повремениот репрезентативец на Англија кој има само 9 настапи има успешен кам бек по повредата, но не баш успешно интервју во кое признава дека порано бил пијаница, дека не гледа фудбал и дека кога потпишал за Ливерпул не знаел дел од играчите.

„Навистина не ми се допаѓа да гледам фудбал. Тоа го нема кај мене дома, освен кога ми доаѓаат другари. Додека бев во хеликоптер на пат накај Ливерпул морав на телефонот на отворам Гугл и да дознаам кои ќе ми бидат соиграчи. Потпишав, ама не знаев со кого ќе играм. Го знаев Џерард и уште некои, но не ги познавав сите“.

Ништо поарен не е ниту сега во Вест Хем.

„Кога колегите зборуваат за играчи, понекогаш се запрашувам за кого ли зборуваат и мислат дека сум чуден“.

Освен неукоста за фудбал, Керол признава уште неколку негови маани, за кои вели дека ги елиминирал.

„Пиењето не помага да знаете. На времето јас бев голем пијаница, бев срушен и повеќе не уживам во тоа. Тоа сум стариот јас. Сега гледам на тоа со жалење бидејќи можеби немаше толку да се повредувам. А сега? Алкохолот не е причината за моите сегашни повреди. Сега правам најдобро што можам. Имам чудно мислење за солта. Не треба да се користи. Потоа пијам многу вода, но читав дека не е добро да се претерува многу. Во главата ми е следново: добра исхрана, добар фитнес и добар сон. Тоа е сè“

28 годишниот Енди Керол според стилот на игра го споредуваа со Ширер, Дрогба и Виери, но според неговиот досегашен учинок не ќе е да е како нив. Од 2006-та до денес беше член на Њукасл, па Ливерпул и од 2013-та е во Вест Хем.

На вкупно 263 средби има постигнато 73 гола. Од нив за две сезони во Ливерпул даде само 6. Прескромен за да го споредуваат со нив, ама сепак и малку чуден со изјавиве нели?

Инаку за ремек делово против Кристал Палас пред недели, нема збор

31 јануари 2017 - 16:20