Луис Саха, поранешниот член на Манчестер Јунајтед, промовирајќи ја својата автобиографија изјави дека многу негови колеги се загрижени од негативниот публицитет во таблоидите. Неретко страниците во жолтиот печат се исполнети со стории од поранешните девојки на фудбалерите, па затоа тие повеќе преферираат да најмат проститутка отколку да си најдат девојка.
„Да бидеме искрени, жените се големо искушение. За млад фудбалер тие се како ахилова пета. Тие лесно можат да бидат заведени од девојка која подоцна ќе ја прераскаже својата приказна во некој весник“.
„Тешко е да знаеш на кого можеш да му веруваш и стануваш параноичен во врска со жените. Затоа некои фудбалери најмуваат проститутки“, изјави Саха.