Бекот на Баварците, Рафиња облекол традиционален арапски костим и со себе понел две кутии на кои пишувало Vorsicht (Внимание!).
Баерн Минхен на социјалните мрежи ги објавил фотографиите од заедничката забава на играчите, но наместо интересни коментари, следувале гневни реакции поради маската на Рафиња кој глумел терорист:
I’ve never liked FC Bayern but Saudis who support this team should now stop supporting them. This is ridiculous and puerile!
— FA! 🇸🇦 (@farresalotaibi) November 1, 2018
„Никогаш не сум навивал за Баерн, но Саудијците кои го бодрат овој тим веќе треба да престанат со тоа. (Постапката на Рафиња) е глупава и непромислена!“, пишал некој корисник на Твитер од Саудиска Арабија, а други додале:
This is sick... not all Arabs bombers, it looks funny for you but you dont know how you are effecting others
— Um Raouf (@UmRaouf05) November 1, 2018
„Ова е болно... не сите Арапи се терористи. За вас можеби е забавно но не знаете како ги допира другите.“
Dressing up like gulf people and have the intention to imply that it is related to terror is a peer bigotry
— Waleed (@BornToBeLovable) November 1, 2018
„Да се облечеш како човек од Персискиот залив со интенција дека тоа е поврзано со тероризам е чиста нетрпеливост.“
Баерн Минхен набрзо ја тргнал фотографијата со Рафиња а тој самиот лично се извинил но прво пак згрешил затоа што извинувањето за сликата го наменил за целиот арапски народ, а потоа брзо додал неутрален пост:
Halloween ist ein Gruselfest mit übertriebenen Kostümierungen, es lag nicht in meiner Absicht, irgendjemanden durch meine Verkleidung zu verärgern oder in seinen Gefühlen zu verletzen. pic.twitter.com/brealyulRb
— Rafinha Official (@R13_official) November 1, 2018
„Хелоуин е страшен празник со страшни костими. Со овој косим не сакав никого да навредам или да повредам нечии чувства“, напишал Бразилецот Рафиња.