Во полуфиналето на италијанскиот Куп, Милан и Јувентус одиграа 1:1. Домаќинот поведе преку Анте Ребиќ во 61’ минута, а Јуве израмни со гол од пенал во 90+1’ минута преку Кристијано Роналдо.
Еден од најдобрите актери на мечот беше легендарниот Џанлуиџи Буфон кој сезонава стандардно брани на натпревари од Купот а во последно време и во првенството каде го заменува Шчесни.
После мечот добил убав, симпатичен подарок.
„Да, ова е дресот на Даниеле Малдини (синот на легендата Паоло). Многу голема чест ми е што го добив, зошто во мојата колекција имам дрес од Киеза и од син му, од Турам и од син му, од Жорж Веа и син му, а сега и од Малдини и син му. Им ги чекам уште внуците, уште сум тука на сред „Сан Сиро“, се насмеа 42-годишниот Буфон за долгиот век на неговата кариера.
Синоќа на мечот од Купот на Италија (1:1), Буфон беше еден од најдобрите поединци и го спаси својот тим од пораз зошто одбрани неколку чисти и отворени шутеви.