Децата кои заиграа во прв тим поради Ван Гал

Ако за нешто не може да му се замери сезонава на Ван Гал тоа е неговата желба да форсира младинци. Некои од нив добија шанса по добрите игри во младинскиот тим, а други затоа што Ван Гал не можеше глава да крене од повредени. Сума сумарум 14 младинци почувствуваа што значи настап на Олд Трафорд.

ЏЕСИ ЛИНГАРД (1992) - Деби во Премиер лигата против Свонси на 16 август 2014

Лингард кој почна да се кали во Манчестер од 7 години мораше да биде многу трпелив за првата шанса. Беше позајмен во Лестер, Бирминген и Брајтон пред Ван Гал да му даде шанса во првото коло против Свонси. Крилото се повреди уште на почетокот на натпреварот, а потоа беше позајмен во Дерби Каунти. Сезонава Лингард игра добро и постигна голови против ВБА, Њукасл, Стоук, Челси и Шрусбери.

ТАЈЛЕР БЛАКЕТ (1994) – Деби во Премиер лигата против Свонси  на 16 август 2014

Откако импресионираше во пред сезонските подготовки, Блакет заслужено се најде на деби мечот на Ван Гал како дел од одбраната на Манчестер Јунајтед. Минатата сезона одигра 12 средби во Премиер лига, но сезонава не беше вклучен во тимот и отиде на позајмица во Селтик.

САИДИ ЈАНКО (1995) – Деби во Лига Купот против Милтон на 26 август 2014

Ван Гал тој ден се реши да настапи со млад тим против МК Донс, но тоа искуство го чинеше срамен пораз од 4:0 од третолигашот. Десниот бек Јанко го одигра првото полувреме, а потоа беше заменет со Андреас Переира и повеќе не заигра за Манчестер. Го дадоа на појзамица во Болтон, па му го продадоа на Селтик минатото лето.

РИС ЏЕЈМС (1993) - Деби во Лига Купот против Милтон на 26 август 2014

Џејмс беше уште еден млад играч кој беше дел од тој кобен меч за Јунајтед од 4:0. Дефанзивецот претходно помина време на позајмици во Карлизле, Ротерам и Хадерсфилд, а од минатото лето е на позајмица во Виган.

АНДРЕАС ПЕРЕИРА (1996) - Деби во Лига Купот против Милтон на 26 август 2014

Бразилскиот интернационалец влезе место Јанко на мечот против МК Донс, но не можеше да помогне да се избегне катастрофата. Додека играше за тимот на играчи до 21 година доби уште една шанса во прв тим на мечот против Тотенхем. Во оваа сезона влезе со поголема самодоверба и доби 10 шанси. Постигна и деби гол за првиот тим на мечот против Ипсвич во Лига Купот.

ПЕДИ МЕКНЕР (1995) – Деби во Премиер лигата против Вест Хем на 27 септември 2014

За време на кризата во играта од одбраната, дефанзивецот од Северна Ирска доби шанса на меч од Премиер лигата и покажа доволно за да добие нов повик во прв тим. Тинејџерот играше многу зрело за годините, а потоа заработи нов договор и повик за репрезентација. Сезонава добива помалку шанси и покрај тоа што изгледа  подготвен и способен да влезе кога е потребно.

ТОМ ТОРП (1993) - Деби во Премиер лигата против Вест Хем на 27 септември 2014

Дефанзивецот Торп беше дел од младинската академија на Јунајтед и беше капитен на тимот У21. Дејвид Мојс го прати на позајмица во Бирминген за да добие искуство, но кога Јунајтед се соочи со недостаток на играчи поради многу повредени, Ван Гал го врати во тимот. На крајот тој влезе само на еден меч и тоа на само неколку минути против Вест Хем кога го замени Ди Марија и потоа беше продаден во Ротерам.

КАМЕРОН БОРТВИК ЏЕКСОН (1997) – Деби во Премиер лигата против ВБА на 7 ноември 2015

Како дел од академијата на Јунајтед каде мина многу години, Џексон стана стартер во зданата линија на првиот тим.  Откако дебитираше против Вест Бромвич Албион кога влезе од клупа, 19 годинишниот фудбалер одигра квалитетни натпревари во одбрана.

ДОНАЛД ЛАВ (1994) – Деби во Премиер лигата против Сандерленд на 13 февруари 2016

Уште една криза во одбраната го принуди Ван Гал да промовира ново име во одбраната, а тоа беше репрезентативец на Шкотска од У21. Тој беше повикан од клупа откако Матео Дармијан се повреди против Сандерленд, а потоа беше стартер на гостувањето во Данска каде Јунајтед беше поразен од Митјиланд.

ЏО РАЈЛИ (1996) – Деби во ФА Купот против Шрусбери на 22 февруари

Разновидниот лев бек кој игра и во среден ред е дел од тимот У21, но чекор напред во кариерата направи во Лига Купот против Шрусбери кога влезе на местото на Џексон. Потоа се појави и во средниот ред против Митјиланд и одигра 79 минути.

МАРКУС РАШФОРД (1997) – Деби во Лига Европа против Митјиланд на 25 февруари 2016

Никој од оваа листа не ја искористи шансата во првиот тим како тинејџерот Рашфорд кој блесна изминатата недела. Ентони Мартијал се повреди на загревањето пред реваншот против Митјиланд, а малиот доби шанса и постигна два гола со кои ги спаси Црвените Ѓаволи од срамна елиминација. Следниот меч докажа дека тоа не било случајно и во саботата Арсенал постигна уште два гола.

РЕГАН ПУЛ (1998) – Деби во Лига Европа против Митјиланд на 25 февруари 2016

17 годишниот Пул кој додје од четвртолигашот Њупорт Каунти во септември доби дозвола за играње фудбал на почетокот од овој месец. Со дресот број 41 тој се појави за прв на Олд Трафорд минатата недела против Митјиланд.

ТИМОТИ ФОСУ МЕНСА (1998) – Деби во Премиер лига против Арсенал на 28 август 2016

18 годишниот централен бек кој дојде од академијата на Ајакс во 2014-та, дебитираше за првиот тим на Јунајтед викендов против Арсенал кога влезе во второ полувреме. Како редовен играч во тимот У21 го сметаат за светла иднина на Олд Трафорд.

ЏЕЈМС ВЕИР (1995) – Деби во Премиер лигата против Арсенал на 28 февруари 2016

Последниот младинец кој дебитираше за првиот тим на Јунајтед е 20 годишниот Веир кој влезе во последните минути од средбата против Арсенал како замена за Херера.

29 февруари 2016 - 16:21