Блатер се предомислува да остане

Првиот човек на ФИФА, Сеп Блатер го изненади светот со одлуката ненадејно да се повлече од својата функција овој месец. Сега пак изненадува затоа што се предомислува да остане претседател.

Според швајцарскиот весник Швајц ам Зонтаг кој цитираше неименувани извори, Блатер размислува да се врати во игра по поддршката која што ја доби од Африка и Азија. Ваквиот развој на настаните го поттикна Доменико Скала, блискиот соработник на Блатер да го потсети 79-годишниот Блатер дека не треба да го крши дадениот збор.
„За мене, реформите се централна тема. Поради тоа мислам дека е неопходно да се продолжи процесот на најавената смена како што беше објавено“, изјави Швајцарецот со италијанско потекло Скала, кој и самиот конкурира за претседател на ФИФА на претстојните избори.
Извршниот комитет на ФИФА ќе преседава на 20. јули, кога треба да се знае датумот на следните избори. Инаку ова не е прв пат Блатер да зборува едно, а да прави друго. Во 2011-та Блатер истакна дека нема да се кандидира за уште еден мандат до 2015-та година. Но во 2014-та, тој изјави дека „мисијата не е завршена и мојата мисија не е завршена“ и повторно го избраа за претседател на ФИФА. На 2. јуни годинава, Блатер изјави дека ќе се повлече, но сега се премислува.
 
ФИФА западна во сериозен скандал кога се открија и уапсија 14 високи раководители на фудбалската унија, дента кога во Цирих одржуваа конгрес. И покрај откритијата за мито и корупција, Блатер повторно ја доби поддршката и го победи противкандидатот Принцот Али бин-Хусеин. Блатер доби 133 гласа, а Принцот Али доби 73.
15 јуни 2015 - 11:38