Управата на Интер помисли дека се отараси од него кога го пратија во Манчестер Сити, но „Супер Марио" им покажа дека нема така лесно да се ослободат од него.
Денес во тренинг центарот беше презентиран новиот тренер на Интер, Андреа Страмачони, а Марио Балотели си упадна на сред прес конференција како да е папата. Тој си се поздрави со официјалните лица од клубот и си отиде, оставајќи ги новинарите и Страмачони во прашалници.