
Со двата гола против Торино (2:0), шкотскиот репрезентативец од Наполи, Скот Мектоминеј стигна до бројката од 11 гола само во италијанска Серија А. Неверојатен резултат и над сите очекувања.
Благодарение на триумфот на Рома против Интер на гости (0:1), Наполи доби шанса со победа против Торино на Елиф Елмас да се одлепи на 3 бода на врвот на табелата во Серија А. И така бидна. Наполи славеше 2-0 со два гола на Скот Мектоминеј.
До крајот на првенството има уште 4 кола а Наполи има полесен распоред и не игра во еврокуповите.
ЛИДЕР И СЛОБОДНО МОЖЕ ДА КАЖЕТЕ „НАПАЃАЧОТ МЕКТОМИНЕЈ“
Шкотланѓанецот веќе постави неколку рекорди во Италија сезонава, откако минатото лето за сума околу 30 милиони евра дојде од Манчестер Јунајтед.
Ниту еден дебитант во италијанскиот фудбал со дресот на Наполи (во ера на Де Лаурентис) немал такви бројки. Претходно само легендарниот Марек Хамшик постигна 10 гола, а во 12 сезони третиот најдобар стрелец во историјата на Наполи (121 гол) само 4 пати дал двоцифрен број голови.
Антонио Конте незалудно по секоја цена сакаше да го донесе Мектоминеј минатото лето кога седна на клупата на Наполи.
Скот е притоа и прв на листата фудбалери од среден ред по број на контакти со топка во противнички шеснаесетник (109). Вториот зад него на пример, Рејндерс од Милан има 24 контакти со топка помалку а Нико Паз кој е трет на подиумот во оваа категорија има 83 допири со топка во ривалските 16 метри.
Со головите против Торино шкотскиот фудбалер стана само трет фудбалер од среден ред сезонава кој има двоцифрен број голови: тука е уште и двоецот на Милан, Кристијан Пулишиќ и Рејндерс. Но и двајцата имаат по 10 а јунакот на приказнава веќе има 11 гола, на 4 кола пред крај.
А игра во среден ред, замислете...
И тоа не е сè.
Скот Мектоминеј е прв шкотски фудбалер од среден ред кој постигнал најмалку 10 гола во една од топ5 лигите заедно со Чарли Адам од 2010/2011 кој за Блекпул постигнал 12 гола.
Интересно е што дури 6 од 11-те гола на Мектоминеј дошле при резултат 0-0 на семафорот и тој сезонава заедно со ѕверки како Лаутаро Мартинез, Душан Влаховиќ и Рејндерс отворил најмногу резултати.
Со 11 погодоци Шкотланѓанецот во моментов е подобар стрелец од: Феран Торес (Барселона, 10 гола), Душан Влаховиќ (Јувентус, 9 гола), Џуд Белингем (Реал Мадрид, 8 гола), Бруно Фернандеш (Манчестер Јунајтед, 8 гола), Антоан Гризман (Атлетико Мадрид, 8 гола), Фил Фоден (Манчестер Сити, 7 гола), Рафаел Леао (Милан, 7 гола), Ламин Јамал (Барселона, 6 гола).
Интер и Симоне Инѕаги во 8 дена направија од готово вересија