Атлетик Билбао го сруши и Шалке

Фудбалерите на Атлетик Билбао направија уште една сензација. По елиминацијата на Манчестер Јунајтед тие со 2:4 славеа на гостувањето кај Шалке. Сите четвртфинални натпревари завршија со резултатот 2:1.

Шалке и Билбао приредија одлична фудбалска претстава за 52.000 гледачи на Велтинс Арената во Гелзенкирхен. На натпревар со 6 гола и 2 пресврти, Билбао докажа дека елиминацијата на Манчестер Јунајтед не била случајна.

Централни фигури на теренот се до 80-та минута беа Љоренте и Раул. Најпрво Билбао поведе со голот на Љоренте, потоа следеше пресврт со два гол на Раул, за во 73-та минута гостите да израмнат со вториот гол на Љоренте.

На десет минути пред крајот Билбао поведе со голот на Де Марко, а конечните 2:4 во третата минута од судиското продолжение ги постави Икер Муниаин.

Навивачите на Шалке на овој натпревар испратија своја порака како реакција за скапите влезници за реваншот во Билбао.

Уште еден шпански тим беше поуспешен од германски. Атлетико Мадрид со голот на Салвио во 89-та минута го победи Хановер.

Третиот шпански претставник, Валенсија беше поразена на гостувањето кај АЗ Алкмар, а со истиот резултат Спортинг во Лисабон го победи украинскиот Металист.

ЛИГА ЕВРОПА – ЧЕТВРТФИНАЛЕ:

Атлетико Мадрид – Хановер 2:1
Фалкао 9, Салвио 89 – Диуф 38

АЗ Алкмар – Валенсија 2:1
Холман 45, Мартенс 79 - Топал

Шалке – Атлетик Билбао 2:4
Раул 22, 60 – Љоренте 20, 73, Де Маркос 81, Муниаин 93

Спортинг Лисабон – Металист Харков 2:1
Измаилов 51, Инсуа 64 - Ксавиер 91п

29 март 2012 - 23:46