Неколку минути пред борбата со Ерни Шеверс во Медисон Сквер Гарден на 29 септември 1977 година. Мухамед Али е смирен, Анџело Данди му ги припрема рацете, а соблекувалната е полна со камери и познати личности.
Поголемиот дел од времето покрај најпознатата личност во светот имаше голем број на луѓе. Ова е еден од ретките моменти кога бев сам со шампионот во Медисон Сквер Гарден додека се загреваше на неколку часа пред мечот со Шеверс. Неговите движења ги правеше да изгледаат толку лесно и елегантно.
Тренинг на Мухамед Али во бокс кампот на езерото Дир во Пенсилванија. Имињата на великаните во боксот ги имаше запишано на камења. Рои Марчиано, Џек Демпси, Џек Џонсон, Џо Луис, Џо Фрејзер.
Али со своето семејство на автопатот во Пенсилванија и на пад кон Вашингтон во специјална посета на Белата куќа кај претседателот Џими Картер.
Вероника и Мухамед ја добија втората ќерка Лајла во Мајами Бич. Го прашав дали може да направам слики од неговата ќерка која имаше само две и пол недели. Тој се согласи, бевме во неговиот стан каде лежеше на подот и ги држеше двете деца во раце, што е редок момент.
Прес конференција во Медисон Скер Гарден. Медиумите секогаш сакаа да ги покриваат неговите забавни прес конференции.
Со своите фанови во Детроит. Шампионот обожуваше да застане со лимузината и да се измеша меѓу луѓето. Овие кратки, разиграни средби со луѓето го направија едно од најомилените богатства во нашиот живот.
Нокаутирај го Али, немаме веќе рунди му велеа од тимот, а тој им одговори: Има само седум борби во животот, како може да ме победи? Али даде сè од себе, но ја загуби таа борба од Леон Спинкс.
Ова е салата во Мајами кусо време по шокантниот пораз од Спинкс. По седум месеци Мухамед го одржа ветувањето и го победи со што стана Светски шампион по трет пат.