Шпанскиот суд бара Лионел Меси да биде осуден на затворска казна од 22 месеци за три случаи на неплатен данок во периодот меѓу 2007 и 2009 година, тврди францускиот весник Ел Паис.
Обвинителството побара за случајот да одговара неговиот тако Хорхе, но судијата го одбил ова барање и побарал заедно да одговараат. Тој отворил нова истрага откако го добил извештајот од страна на Агенцијата за оданочување.
Пред две години кога почна случајот со Меси, тој го плати данокот, но судот и натаму бара одговорност. Според обвинението таткото на Меси не платил данок на заработка од маркетинг правата и парите ги префрлал во даночни рајеви како Уругвај и Белизе.
Во последните три години Меси потпиша маркетиншки договори со Банк Сабадел, Телефоника, Данон, Аир Европа, Адидас и Пепси за вкупна сума од 10 милиони евра, но првично во Шпанија не плати данок за ниту еден од овие договори.
Меси не е единствениот фудбалер во Шпанија кој е гонет за ова дело. Хавиер Маскерано беше под истрага за неплатени даноци за 2011-та и 2012-та и треба да се појави на суд на 29 октомври.