Off Topic

Кога една црква зазвуче на Свети Леми

Да потсетиме на овој легендарен момент, кога Ace of Spades од Моторхед беше изведена во катедралата Свети Мартин во холандскиот град Веерт. На гитара ама и на кариљон, црковен клавир кој функционира со оние огромни лиени ѕвона. Моторхед на 20.000 кила железо? Е, тоа е хеви метал! 

Трамп беше во право... пред шест години

Доналд Трамп во 2020 година: „Потрошивме осум трилиони долари на Блискиот исток а не ги поправаме патиштата во нашата земја? Колку глупо! Колку глупо е тоа?? И не ги поправаме нашите тунели, нашите мостови, нашите болници, нашите училишта? Па тоа е лудило.“

Нетанјаху го потпалува хаосот

По многу реални проценки, Трамп и Нетанјаху имаат различни проекции околу нивната идиотска војна. Трамп би сакал да може да заврши што побргу (му доаѓаат избори, ако го изгуби Сенатот, толку од неговото шерифување) а Биби би сакал да трае до бескрај. Проф. Мершајмер вади занимлив детал: Трамп тајно му дозволил на Техеран да продава нафта (за да се држи цената под 100 долари) ама Нетанјаху намерно удри по најголемите гасни полиња во Иран. 

Една е мајка

Мјуриел Евелин Клиз, мајката на Џон Клиз од Монти Пајтон, поживеа убав и долг живот, послан во 19-от и 20-оt век, за да почине на почетокот на новиот милениум, во 2.000 година, еден ден откако наполнила 101 година. Синот често ја спомнува во емисии но знаел да ја искористи и кога беше жива, а тој и дружината само што го биле снимиле филмот Житието на Брајан (1979).

Трамп, читаш ли ти нешто?

Иранската стратегија во случај да биде нападнат од САД и Израел одамна беше позната. На Техеран му е јасно дека Америка e воено супериорен ама затоа може да ја запали чергата регионално, со блокада на теснецот и со напад на околните американски сојузници и нивните бази. Трамп сега демек се чуди што овие нападнале соседни земји. Вика, биле шокирани од тоа. А ние па му веруваме.

Правилата на рамковниот Оскар

Воведени од 2022 а задолжителни од 2024 година, правилата на филмската Академија која го организира Оскарот велат дека во трка за најдобар филм НЕ МОЖЕ да се најде филм кој НЕ исполнува два од четирите услови поврзани со диверзитет и инклузивност (глумци, екипа и приказна). Што на расна и етничка основа, што на основа на „недоволно претставени“ групи. Да беше така последниве 80-тина години, ќе беа елиминирани легендарни филмови.

Децава стварно не знаат да гледаат на аналоген саат

Џими Кимел решава на улица да ја тестира веста од пред некој ден дека децата не знаат да гледаат на часовник со стрелки затоа што сè околу нив е со дигитални часовници, па не им ни дошло да се потрудат да ја совладаат логиката околу стрелките.

Такер Карлсон и Либералниот шерпас

Ни на Карлсон не му се верува колку лесно се шеба оваа персона. Си ја начека како маскота и сега за свашта ја вика, а рубриката ја потпишува како „Либералниот шерпас“. Лујката прифаќа па промовира онакви „out of space“ идеи заради кои на многумина нормални им збоктиса сиот тој блок и за инает гласааа за Доналд Дамб. Шерпасот бара на факултетите да има кабини за плачење, за да можат снегулките низ солзи да го излијат стресот од себе. 

Тивкиот инфаркт на Сајлент Боб

Исповед на Кевин Смит кај Колбер за тоа како доживеал срцев удар. Со најмашка реакција на свет: преживуваш масивен инфаркт, те носат во болница а таму те фаќа срам и едно незгодно што треба да се соблечеш пред непознати луѓе.

За оние што стварно сакаат да се соочат со бикови

Помалку болно за луѓе од трчањето низ Памплона (веројатно), помалку смртоносно за бикови од корида - ползење со бикови.

Деконструиран ТЕД

Мета-предавање за сите оние предавања кога човек  оддава впечаток дека господари со темата, тотално знае што зборува, па ќе пушти слајд, па ќе направи мала шала.... Дечково ептен, ама ептен добро, ги скинал сите цаки (сосе пиењето вода и погледнување во часовник) на таквите мотивациони говоранции. Многу корисно и пресмешно.

Најважните бројки околу филмовите на Марвел

Прост пазарски есап колку пари има дадено Марвел за снимање филм, и колку пари има наплатено. Притоа ова се само пари заработени од кино влезници, значи без играчки, облека, тв права, видео игри, лиценцирање на ликовите и што и да е друго од што вадат пари. И како котира Марвел меѓу филмовите со најголема заработувачка.

Така се монтираше Афекс Твин

Авторот (Дејвид Браун) вика: Ова е најамбициозниот проект за едитирање на кој сум се нафатил и за кој ми беа потребни 4 месеци. Се започна како љубопитност а заврши со миксање и полирање на 250 видео-аудио сегменти во еден (саат ипол) клип.

Дали „омаж“ е навредлив збор за жените?

Конзервативците често знаат да дрват со својата сериозност но дури и перјаница од нивните редови каков што е Такер Карлсон станува шармантен заебант кога ќе му се напенали една ваква „либералка“ (жива греота е какви замлати го контаминираа тој поим). А таа се дала во битка да го исчисти англискиот јазик од зборот „MAN“ кој бил навредлив за нивната тоталитарна секта. А МАНчестер? А ГолдМАН сакс? „Ах, не одам јас во шопинг во Голдман“. ќе каже интелектуалката.     

Вардар филм: Први мај 1960

Репортажа од првомајската парада на плоштадот Маршал Тито во Скопје: Изминаа десетлетија во костец со огнот... како што само рацете можат, рацете на милиони и милиони во окната и леарниците.

Лајффејкер, кога мислењето на другите ви е поважно од сè

Лајффејкер е нов сајт кој за евтини пари нуди пакети со фотографии за постирање на социјални медиуми, кои ќе направат да изгледате како да имате супер интересен живот. Во понудата има пакети како „Гледај каде бев на одмор и плачи“, „Дури и моето маче / куче е посреќно од тебе“ или „Гледај што ручав“. Она што е најважно за Лајффејкер е дека е лажњак и сајт направен од стартапот за ментално здравје Санктус кој со проектот „сака да го нагласи нездравото однесување на социјални мрежи и нивното штетно влијание врз менталното здравје.“

Паниката наречена 4-то дете

Сè тоа со бременост и дете и слично е убаво, само веројатно убавото се намалува кога жена ти по 4-ти пат ќе ти остави во кујна позитивен тест за бременост. И тоа не само што се намалува, туку се претвора во комплетна паника и избезуменост, а помош ти нема. Има блицови надеж, ама ништо повеќе од тоа.

Не застанувај меѓу маж и неговата кременадла

Дечкото решил да испече кременадла и тоа да го пренесува во живо на интернет. И почнуваат да му мрчат: ја препекол, ја исушил.... А тој гори побрзо од кременадлата.

Како Нов Зеланд бара полицајци

Супер шармантен спот за регрутација на нови лица во полицијата на Нов Зеланд. Чудна некоја земја е тоа. Триста работи кажаа, партиска книшка не спомнаа.

Најзаебаните британски пабови

Малку поглед во онаа Англија која не е чај во пет, дрвење за времето и бескрајни извинувања за сè и сешто. Ништо крикет, Кебриџ, Оксфорд. Овде се заебани гости и уште позаебани газди, дрољи, пијандури, дебели стриптизети и сличен прекрасен полусвет. Овде се нашите.

Не можеме да ѝ се изнагледаме на сценава

Свекрваа и снаа кои очигледно не се трпат. Старата сака да се слика со фнузите, ама мајка им има нешто против па блокира. И сето тоа некако разбирливо за некоја балканска паланка. Ама овде фнузите се принцезите Софија и Леонор, свекрвата е шпанската кралица мајка Софија а снаата е кралица Летиција, сопруга на актуелниот шпански крал Фелипе Шести. Може за Каталонија се рчнале.

Смешната страна на Битлси

Малку промена од оние наши пејачки работници кои досега имаат песни комада еден, на утринска емисија ја навуваат песната број два а за соработниците со кои ја правеле, мртви-озбилни викаат: „Екипата која победува не се менува!“ И уште ќе речат дека не сакаат да откриваат сè, колку сите нас да нè убие огромна неизвесност. Ете, Битлси беа малку поинакви: отворени, луцидни, забавни, заебантски расположени и авто-иронични. Ама што знаеле тие...  

Синхронизација на денот

Тотални генијалци се овие од Bad Lip Reading. Тотални. Го имаат исчашено испрашувањето на Закерберг толку добро, да ти е криво што светов не е таков каков што може да биде.

Девојка на погрешен шанк

Веќе оштетена од алкохол, цурава решава дека на неа и другарките им треба уште по една тура. Па нарачува четири самбуки (италијанска мастика/узо). Статива.

Вселената мириса на изгорена кременадла

Астронаутот Крис Хедфилд стана познат по оние кул видевца што ни ги праќаше додека беше пожарен кај сошките на Меѓународната вселенска станица. Овојпат на многу разумен и разбирлив јазик зборува за некои од најраширените митови поврзани со неговата работа. Остајте нè нас што сме издвоиле за наслов (такви се нашите хоризонти), изгледајте го целото парче кое е ем интересно ем корисно.

Како се познаваат свои луѓе

Многу луѓе од многу земји откриваат како препознаваат нивен сонародник во интернационални друштва. Спојлер: нас нè нема. Штета, а баш не занимаше што би можело да биде.

Туристичка атракција што не мора да ја посетите

Се наоѓа на планина во Непал, и атракцијата е што се возиш по пат кој постојано е поплавен од вода од водопадот над што е над него. И сето тоа покрај провалија. И на удолница.

Советски брејкинг њуз: Ози Озборн и Чорни Шабаш

На руска телевизија од советско време (годината е 1972) на младината им се објаснува Ози Озборн и Блек Сабат. За таканаречениот рок колектив Чорни Шабаш се вели дека „проповедаат насилство и религиозно мракобесие“ (?!) а солистот Ози Озборн го залупаа како „класичен пример за нарушено психичко здравје“. 

Видео есеј за тоа како видео есеите знаат да те мамат

Многу е лесно, не се што ќе видите спакувано како видео е точно, има и такви што лажат или па не се доволно информирани или па и двете. Нормално има поштени и објективни. Само треба да бидеш претпазлив во што веруваш и со какви линкови ги замараш блиските, вклучително и ова видео.