Off Topic

Со ВАР, Голијат секогаш ќе го плеска Давид

Лука Модриќ, број 1 на целиот хрватски фудбал, златен гарант на сите хрватски победи, на овој натпревар изгледаше, се однесуваше и се движеше како Број 1 од Алан Форд. Се разбира, тој не е виновен за поразот. Виновен е како и сите други на теренот, а тие, пак, се невини во однос на оној што ги составил во тимот. А и тој не е толку крив колку очекувањата на заедницата. Таа би сакала играчите што ги правеа среќни да останат вечно млади.

Предупредувачки писма на читатели

Се јавив на сите Владини и НВО институции, по мејл, по телефон е џабе, никој не одговори, ама баш никој. Решив да ти пишам, онаа клупата на Водно се направи. Ова сигурно нема да се поправи, но можеби ќе спасиме некое дете кое дошло со родителите на викенд на Марков манастир, да се избања.

Трамп и Мелони пак ја спукаа

На Г-7, Трамп и Мелони во неколку наврати беа сликани во добро расположение, што се толкуваше како знак дека ги надминале претходните кавги. Ама, сељак каков што го дал Господ, Трамп отпосле кажа дека Мелони го молела и преколнувала да се слика со него. Таа не остана без зборови. Порача дека е згрозена од комплетните измислици. „Ни Италија ни јас никогаш не молиме!“

Илон Маск е клошар за Џингис Кан

Нето вредноста на Елон Маск од 1,3 билиони долари е потврдена од неколку извори, вклучувајќи ги Форбс и Блумберг и се очекува човекот да тргне накај два. Импресивни цифри и никој жив ни приближно не му е рамен. Па сепак, во однос на тоа што го поседувал самиот, Џингис Кан би можел да ги списка парите на Маск за бакшиш. Ако Џингис имаше навика да остава бакшиш. 

Вишок колумни

• Тато, тато, мама ја згази кола!
• Почни да плачеш, одма доаѓам!
Значи, почна фудбалот. Тоа е она за што се мажи секоја жена, без да знае.

Прашање - автогол

Новинар (Питер Дуси): „Еден мудар човек, еднаш, во јануари 2020-та кажа: „Иран никогаш не добил војна, ама, никогаш не изгубил на преговори.“
Доналд Трамп: “Кој го има кажано тоа?“
Новинарот: “Доналд Трамп“.

Цис маж и за што тој термин служи?

Норм Мекдоналд му објаснува на Стефан Мерчант (на Џервејс другарот) дека цис маж е оној кој се родил како маж и се чувствува како маж. Овој збунет, го прашува а зошто воопшто постои таков термин? „Тоа ти е начин да се маргинализира нормален човек,“ закуцува Норм.

На секој јазик ќе разберете љубов

Еве ќе видите, не мора да го зборуваш јазикот за да ти е јасно дека некој е заљубен, љубов е нешто што се гледа во очи, се слуша во гласот, во зборовите. Тек па да видите разочарување колку е појасно.

Едно грло имаме

Да се потсетиме што е концертна рок атмосфера, пошто уши ни пресушија во пандемијава. Се чекаат Грин деј во Хајд парк, 2017. Додека дојде бендот, на луѓето им пуштаат Боемска рапсодија од Квин. Кој не се наежи, цел живот во локдауни да си ужива. 

Како да гуглаш како девелопер

Има една вистина за компјутерџиите која вика дека не е најдобар оној кој е махер со кодовите туку оној кој е махер во гуглање.  Да видиме неколку корисни финти кои тие ги користат кога се има некој проблем.

Пријатели во мол

„The minor falls, the major lifts“ подучуваше стариот Леонард Коен и нема поточно од тоа. Слушнете како меланхолично звучи една од најведрите и најполетни песни на сите времиња, кога е отсвирена во мол. 

Шпански доручек

Невeројатно цинично и зајадливо видео на BBC за ругање на Шпанците. Сите експерти и томови книги напишани за нив, вели презентерот, не можат да ја објаснат суштината на нивниот проблем. А тој е дека Шпанците не знаат што е вистински доручек. И после везден морааат да глодаат нешто. Чујте го вие тој британски (хумористичен?) хејт.

Не дека нема бизнис во анти-ваксерството

Компанија од Северна Каролина одлучи отворено да го прифати и стимулира анти-ваксерското движење, без притоа да крие дека директно заработува од успехот на истото.

Како е можно некогаш сите да биле волку ведри?

Прастаро видео од 1977 година во кое главен јунак е една бабичка која не може да погоди која од понудените пијачки е виски а кое е бренди. На општо задоволство и на нејзина огромна радост, не се откажува таа така лесно. Не би ги ни доживеала таа тие години ако лесно се откажуваше. Позитива на денот.

Тајната на среќниот брак

Сопругата несебично го споделува клучот на среќниот брак: да го слушаш мажот, да го почитуваш, да му дадеш да биде глава на куќата и да му дозволиш да зборува. Но, ако не видите како тоа изгледа кај нив, никогаш нема да дознаете кој е вистинскиот клуч за мир дома.

Не се заебавајте, има да ме жалите

Норм Мекдоналд почина неодaмна на 61 година, после 9 годишна приватно водена војна со ракот. Значи овде кај Летерман точно му е јасно за што зборува, а зборува за својот погреб. Дека не сака како сите.

Како Руси излегуваат на избори

Русите длабоко размислуваат пред да излезат на избори. Што да облечат и како да се појават на гласачкото место. Оти другото е мање-више познато.

Кафана

Ако веќе мислите добро да си поминете, не измачувајте ги браќата и сестрите во кафаната со фалбаџиство и викање. Кафаната не сака фалбаџии и гњаватори, иако ги трпи против својата волја: на секоја будала треба да ѝ се помогне да се ослободи од своите пари, а тоа е дело богоугодно.

Како изгледал древниот Рим

Ѕирнете една дигитална реконструкција на вечниот град. Фино било да прошета човек таму, освен ако во тој момент не проаѓа и некоја лудара како Калигула, па те замоли на лице место да му направиш ќеиф на неговиот омилен сенатор.

Второто полувреме кај скокови во вода

И трупови знаат дека фората е што помалку да испрскаш кога ќе се жбурнеш во водата. Но, тука не завршува приказната. Откако ќе се жбурнеш, имаш уште работа.

Лас Вегас останува без усул. Му личи.

Врискачкиот пејсаж на Лас Вегас ќе биде збогатен со една огромна мрцина. Ја прават најголемата сфера на светот која ќе кошта 1,8 милијарди долари, ќе биде висока 112 метри, и во неа ќе го има - се разбира - најголемиот ЛЕД екран на светот со резолуција од 19.000 X 13.000 пиксели. И уште мал милион претеризми. 

Фалиш, будалче

Почнавме да се чудиме на некои сцени. Не заради самите сцени, туку зашто сме научени во такви сцени главен да биде оној нашион. Еве на пример овде. Пасент би било.

Марокански рулет

Пратете го дебелото. Од што предолго го ќофтаат а тој никако да стигне да подели правда со папучата, на крaj мава и кога нема никаква логика да замавне. Пресладок е.

Две решенија кои никогаш не би ни текнале

Како типови кои имаат проблем и играчка од киндер јајце да состават, вакви финти бескрајно нè одушевуваат.

Дебатните проблеми на Жириновски

Некои политичари имаат проблеми со концентрација, некои со времето кое им е остапено, на некои им се случува комплетен шат-даун на мислата („Отидов...“). Андреј Жириновски има сосема поинаков вид проблеми. 

Метал, и сè е подобро

Да чуете две мирнодопски воени видеа. Едно обично, едно заметалено.

Бил Бур веќе не слуша ничии теории

Првото прашање кое треба да му се постави на човек кој сака да ти каже што има разбрано/слушнато/прочитано е да ти каже дали тоа му е од библиотека. Ако не му е, батали. Во библиотека се знае што е фикција а што не. На интернет, на луѓето сè им е исто.

Австралија, окована во напредност

Не само што деца не можат во школо туку и на точаци се проблем. Па полиција им става бетонски пречки во бајк-паркови. Можеме да ги слушнеме латентните фанови на тоталитаризмот како во брада си коментираат: тоа е држава!

На багерист просто не можеш да не му дадеш плата

Градежно-транспортна фирма од турскиот град Сирнак прави фатална грешка и одбива на својот резидент багерист да му даде плата додека тој се уште го има клучот од багерот, а тие имаат едно шест-седум камиони паркирано во двор.

А сега нешто гадно

Ако сте искрен и доследен љубител на сите културолошки особености на овој шаренолик свет, тогаш вашата дијафрагма ќе нема никаков проблем со овој клип. Наш проблем е што не сме до толку. Накратко, жената кастреше жбун и неочекувано си најде грицки.