Мешано

Првиот чекор во Аушвиц

Утрото на 27 јануари 1945 тенковите на Црвената армија стигнуваат пред Аушвиц. Пред тенковите испречени се само портите на логорот. Чуварите претходно се избегани откако слушаат за напредокот на Советите. Еден од тенковите ги соборува портите и влегува во Аушвиц, по него и остатокот од колоната. Николај Политанов е еден од првите војници на Црвената армија што стапнуваат во Аушвиц.

Пикасо, Скопје 63, Битката на Неретва, 12 шишиња вино

За појаснување на хаикуто од насловот: постерот за Битката на Неретва на англиски јазик е нацртан од Пикасо за 12 шишиња вино, а ова се случува само откако документарецот Скопје 63 ја добива првата награда на филмскиот фестивал во Монте Карло.

Филџан вишка на денот

По спектакуларното парче незапишана историја од 1873, од Босна доаѓа уште еден артефакт што му плука во лице на денешното доживување на соживотот како што е можно погласна борба за својот и своето.

Зошто Бугарија и Грција слават Божиќ по "католички календар"?

Најраспространетиот и неточен одговор е дека се имаат откажано од јулијанскиот и се водат по грегоријански календар. Уште се на јулијански, ама на нешто што се води како – новјулијански или ревидиран јулијански календар.

Приказната за осамениот дедо

Белградски психотерапевт на својот Фејсбук пренесува сцена на која сведочи во една од тамошните пошти. Време 2-ри јануари 2017 (што би се рекло вчера), околу 2 попладне.

Искрено CV

Немојте да ме гушите со тестирања и слични HR будалаштини. Ако веќе се просеравате со западњачки фори, тогаш понудите и западњачка плата и услови за работење.

Новогодишна честитка

Денес е првиот ден, почеток.
Ви посакувам да не ве боли тоа што ве болело, а да ве сака тоа што не ве сакало.

30 причини зошто 2016 беше одлична година

Британец на кој му е збогтисано да ги гледа сите другари како кукаат за 2016, прави рецензија на годинава, да не заборавиме дека не било сè така црно.

Кога Леми го виде Тито

Звучи неверојатно но стварно се имаат сретнато, вечерано и притоа немаат прозборено ни збор. Едниот чија смрт лани ова време ја започна лавината која 2016-та ја направи црна година и другиот, чија смрт покрена лавина срања кои уште трујат наоколу. Што мислите, од кај му на Леми инспирација за онолкави прстени и ордени?

Како денес би поминале Пишоња и Жуга?

Сејо Сексон од Забрањено пушење замислува како денес би се развивала ситуацијата со двајцата култни ликови од нивната песна кои пред 30 години откриваа дали море је провод, дали море су коке. "Песната денес би имала тажен хепиенд", вика Сексон.

Бесплатни, топли совети до идните бруцоши

Првио семестар ако не се угоеш 20 кила, нешто праеш погрешно и мора да се преиспиташ.

Преписката со Ениса

Сè почна со една свадба....

Монодрамата на Цеца

Со темата на песната „Дидуле“ на Цеца се заебаваа дури и некои нејзини најпопалени фанови. Но смени го контекстот, преработи ги истите тие зборови во поинаква емоција, интерпретирај ги во нецецин свет и - одма друго е.

Што му пиша Ленон на Тито?

Дамнешната 1969 година, на адресата на југословенскиот претседател Јосип Броз Тито стигнува писмо од интересен испраќач. Писмото има и атачмент.

По патот на тутунскиот чад од Кариби до Прилеп

Драган од Охрид, кого сите на каравелата "Санта Марија" го викаа Алонсо де Охеда* не чекаше да биде повикан од Адмиралот и да добие наредба. На 12 октомври 1492 тој прв со своите двајца најдобри другари, Мигуел и Раул, скокна во чамец подготвен за спуштање на брегот на Новата земја, кон која, со така измешани чувства на надеж но и сè повеќе страв тргнаа од Гранада на 12 мај 1492.

Како скопските клинци прераскажуваат лектира

Која книга е ова: "Типов ко фаќаат цајкани за крив кур и у цела книга го дркаат се дур не го сјебат до коска". M?

Курс за мажи

Tоалетна хартија: расте ли таа на држачот? Дали генетските фактори спречуваат да молчите додека таа се паркира? Фундаменталните разлики меѓу кошницата за валкана облека и подот.

25 новинарски заповеди

Пoранешен уредник во Гардијан, Тим Радфорд, го кондензира своето новинарско искуство во јасни, иако понекогаш сурови правила за оние со амбиција да се занимаваат со оваа професија.

(Драги) камења на македонското новинарство

Колекција создавана десетина години, во редакциите на неколку македонски дневни и неделни весници, со цел уредниците и редакторите на ваквите писанија да се изборат за право на бенифициран стаж. Добра вест: дел од авторите на лапсусите во меѓувреме го напуштија новинарството. Лоша вест: дел од нив денес се угледни и влијателни репортери и уредници. Или заминаа во политичари.

Да вратиме малку верба во нив...

Женски мудрости: "Не дозволувај да талкаат мислите на твојот маж. Премали се за да бидат сами надвор".

Случајноста е начин на кој Господ останува анонимен

Куршум што ја стигнува целта неколку години подоцна, три обиди за самоубиство спречени од ист монах, роман што неочекувано го опишува рускиот шпион од соседството... се само три од десетте примери на зачудувачки коинциденции, случени некогаш и некаде.

Гугл би да ги дигитализира вашите стари фотки

Во теорија исто е како да ставиш која било стара слика пред телефон и да ја сликаш. Во пракса Гугл го има малку разработено целиот систем, па те тера да фотографираш четири различни делови од сликата кои после го спојува во совршена копија.

Писмо од изнервиран тајкун до нацијата

Едни се родени за да владеат и имаат, а други за цел живот да бидат сиромашни, и што може тука да се направи; апсолутно ништо!

Отворено писмо на Џон Клиз до САД

До граѓаните на Соединетите Американски Држави,
Во врска на вашиот неуспех да изберете компетентен претседател на САД и сами да се управувате, со ова ви се дава на знаење дека вашата независност е поништена, а одлуката е ефективна од денес.