Здравјето е во студени тушеви

Во 19-от век студени тушеви првично се користат како терапија за проблематични затвореници и пациенти, за со тек на време да се утврди дека тие имаат и хигиенска функција. Откако гледаат колку има корист од миење луѓе, полека го откриваат меракот од топла наместо студена вода, па со тек на време никој не ни помислува да влезе под студен туш. По ново, студен туш е одличен за здравје.

Заклучокот на голема студија од Холандија е дека луѓето кои се туширале со студена вода било помалку веројатно да се на боледување отколку оние што се туширале нормално.

Околу 3.000 испитаници се поделени на четири групи и од нив е побарано секој ден да се тушираат со топла вода. На три од овие групи им било речено туширањето да го завршат со 30, 60 и 90 секунди студена вода, додека четвртата од почеток до крај терала со топла. Ова траело еден месец.

Во проверката по 3 месеци, за заклучува дека трите групи на кои на крајот им била вклучена и студена вода, имале 29% помалку барања за боледување отколку групата што била само со топла вода. Притоа, траењето на студениот туш не направило никаква разлика во статистиките. Освен бројките, холандската студија не навлегува во тоа зошто ова се случува.


До сличен заклучок доаѓа и сосема одделна чешка студија која покажува дека кога „млади мажи спортисти“ се потопуваат во ладна вода 3 пати неделно во период од шест недели, тоа делумно го подобрува нивниот имунитетен систем.

Едно од објаснувањата е дека студената вода го активира симпатскиот нервен систем, делот од нервниот систем што ги мобилизира телесните ресурси кога сме под стрес, и ја стартува борба-или-бегање реакцијата. Кога тој е активиран, пример со студен туш, се случува скок на хормонот норадреналин. Ова пак предизвикува раст на срцевите отчукувања и крвниот притисок, и се поврзува со наведените здравствени бенефити.


Студената вода докажано ја подобрува циркулацијата на крвта, бидејќи првично го намалува дотокот на крв во кожата, па откако ќе се изгаси, кога телото се обидува итно да се загрее себе си, има скок во протокот на крв низ телото за да стигне до површината на кожата.

Едно од ветувањата на студената вода е дека го забрзува метаболизмот. Изложување на студена вода од 14 степени Целзиусови, го подобрува метаболизмот за 350%.

Менталните бенефити кои му се припишуваат на студениот туш е дека тој ја зголемува менталната будност кај човек, со помош на истите погоре споменати механизми на нервниот систем. Во кожата има голем број на рецептори за студ, па студен туш вонредно и истовремено ги активира сите нив кои почнуваат масовно да испраќаат импулси до мозокот, што знае да има и анти-депресивен ефект.

Предупредувањето околу студените тушеви е дека заради обемноста на шокот што му го приредуваат на телото, тие не се препорачува за луѓе со срцеви проблеми.


Уште нешто од Вим Хоф:

8 ноември 2021 - 12:12