На некој од часовите секој од одделението треба да зборува за своето семејство чисто за децата подобро да се запознаат меѓу себе. Кога доаѓа ред на Томас, тој кажува дека Супермен често пати седи кај него во дневна бидејќи му е чичко.
Кога се смирува одделението од смеење, учителката го прекорува Томас дека лажењето не е дозволено на училиште и општо во живот.
Томас сепак останува доследен на тоа дека чичко му е Супермен.
Најдена во небрано учителката одлучува да го препрати Томас кај педагогот за таа ем дополнително да му објасни зошто не чини лажењето, ем остатокот од класот да извлече лекција околу лажењето.
Кога седнува кај педагогот Томас го повторува истото - чичко ми е Супермен.
Следна инстанца на која се крева проблемот е викање на мајката на Томас. Жената избезумена доаѓа кај педагогот од кој разбира дека нејзиниот 7-годишен син се обидел да ја излаже и учителката и педагогот.
- Знаете, ние не ги поттикнуваме децата да кажуваат лаги на училиште, па ви препорачуваме и вие истото да го правите.
- Лаги за што точно?
- Детево упорно тврди дека чичко му е Супермен.
На што мајката со олеснување одговара:
- Жал ми е што морам да ви кажам, ама чичко му е Супермен.
Подоцна мајката е објаснува дека таа е мажена за еден од браќата на Хенри Кавил, актерот што го глуми Супермен.