Од 211 милиони жители на Нигерија, повеќе од една десетина живее во Лагос. Како што ќе кажат неколку соговорници, водечка причина за тоа е што во Лагос едноставно имаш повеќе можности и опции.
Главното нешто што го повторуваат локалците (освен „дај долар“) е дека Лаос е сосема безбеден за странци, вклучително и хаотичниот пазар покрај шините. Може треба малку да ги припазиш работите што ги имаш по џебови, инаку си безбеден.
А пазарот како на филм, се протега до недоглед, распослан покрај шини, жив до степен на зовривање и сите со задоволство да дочекаат муштерија на тоа што личи на тезга.
Град од 25 милиони луѓе, во Африка, дури и да е во една од најбогатите држави во Африка, ќе има и свои гета, а таму условите на живот крајно доследно го отсликуваат називот што го има.
Едно од гетата во кои оди Индиго травелер е на вода и има околу 200.000 жители.
- Како тука функционира системот за тоалети?
- Системот за тоалети? Сè оди во вода.
- Што е тогаш со децата што пливаат во водата?
- Тоа се деца што се тврдоглави, затоа што сме им рекле да не пливаат во водата, бидејќи е загадена.
И еден зен разговор со таксист што сака да заминува од Нигерија:
- What country do you want to go to?
- Anywhere country!