Според еден психотерапевт и автор, Овен О’Кејн, и најмалите позитивни идни настани можат да нѐ мотивираат кога сме даун - особено за време на пандемија исполнета со неочекувани разочарувања. Затоа луѓето се радуваат на резервации за вечера, закажано на фризер и - примање пакети.
„Има задоволство во очекувањете дека ќе се случи нешто позитивно и добро кога ќе го добиеш пакетот и многу луѓе сфаќаат дека да нарачаш и да ја чекаш нарачката создава добро чувство,“ вели тој.
Но, не е купувањето само по себе тоа што ја предизвикува оваа среќа. Според експертите, има нешто во очекувањето што им е возбудливо на оние кои имаат потреба од промена во животот. Кога пакетот конечно ќе ни пристигне, конечно сме задоволни. Но првичната возбуда веројатно е избледена, затоа што опсесијата со пакетот претставува многу повеќе од самиот предмет што сме го купиле.
„Зборуваме за надеж и нешто на кое му се радуваш и ‘едвај го чекаш’“, објаснува О’Кејн. „Нешто за чекање помага да добиеш чувство на ‘Океј, што и да се случува во моментов, нема да трае засекогаш,’ и добиваме една сигурност дека работите можат да се подобрат.“
Истовремено, си го одвлекуваме вниманието од други чувства што не се така пријатни - анксиозност, досада, дури и страв. Кога замислуваме позитивен настан во иднината, чувствуваме само радосно исчекување, а тоа што на моменти можеме и да го следиме онлајн како се ближи до нас, го прави искуството уште полично.
О’Кејн додава дека многу луѓе знаат да бараат надворешни решенија за анксиозноста, како луксуз, дури и алкохол „како начин побрзо да се почувствуваат подобро“, но поздрав долгорочен механизам за справување е да погледнеш внатре во себе и да го цениш животот со „внимание, благодарност и уживање во моментот.“
Се работи за „наоѓање задоволство и мир во моментот во кој што се наоѓаш сега, со сегашните работи, без да чекаш испорака, или да ти се посреќи,“ вели тој.
„Не се работи за имање на тоа што го сакаш, туку за сакање на тоа што го имаш. Па следниот пат кога ќе почувствувате импулс за нарачка и следење на нешто онлајн, размислете и зошто би го направиле тоа. Заклучокот е дека купување и примање на нешто навистина е стимулација на одредено ниво, но и најпасивниот начин да се живее - треба да се предизвикуваме себеси да преземеме дејство во животот, наместо да го чекаме да дојде.“