
Другото име е Mallen streak, не поради научник што го објаснил, туку во чест на трилогијата Мален на Кетрин Куксон - каде што богатото, бескрупулозно семејство Мален наследно го носи праменот.
Последниве години се појавува како „врвен симбол на алтернативна убавина што комуницира гламур, опасност и девијантност,“ напиша Дејзд во 2023.
А многу девојчиња што го добиле во 2000-те кога бевме бескрајно строги со стандардите за убавина, опсесивно го фарбале. Сега се гордеат.
„На крај ми стана прекрасен потсетник дека има нешто моќно во тоа да дозволиш светот да те види автентично,“ вели авторката Бруна Несиф, на која ХафПост ѝ има посветено статија на темата.
Кога не е резултат на фарбање, локализиран прамен сива или бела коса често се случува и тоа двата пола. Поретко се случува од седи влакна по целата коса, но сепак не е ретко. Обично е наследно, се случува на која било возраст, но кога ќе се појави многу рано, во тинејџерски години, обично е генетски - поврзано со состојби што влијаат на развој на меланин кои предизвикуваат бели предни прамени или депигментирани делови од кожата. Такви се Waardenburg syndrome или piebaldism ако некој го интересира да гугла, ама па тие се ретки.
Обично, речиси сите сакаат да го снема праменот на почеток, а мора да се фарба редовно. Корнењето е штетно и после некое време може да создаде ќелав дел. Ако баш ви смета, балајаж е супер решение.
Сепак, со годините и созревањето, сѐ повеќе луѓе, особено жени, сфаќаат дека бел прамен баш и не е најстрашната работа на светов.