Зошто 20-и-кусур-годишни ставаат ботокс?

Не еден 23-годишен плаќа на рати за ботокс и желба за самодоверба.

Под сè поголемиот притисок на токсичните стандарди за убавина, младите луѓе често се решаваат за нехируршки козметички третмани - ботокс и дермални филери кои се сè попопуларни и во моментов бидејќи трендот има земено огромен замав.

Пред десетина години, Ботоксот беше резервиран за постари, побогати луѓе, меѓу кои и славни личности чија работа беше да го одложат стареењето. Сега естетските третмани владеат меѓу младите: некои бараат превентивен ботокс, а најчесто се бараат филери со хијалурон, за пополнување линии и брчки и истакнување на делови од лицето.

Објективно гледано, младите се наоѓаат во една криза на самодоверба. Уште од првите Фејсбук профили и по некое време првите филтри за разубавување, медицинските професионалци почнаа да паничат. Младите се многу ранливи во однос на нереалните очекувања, притисоците од социјалните мрежи и друштвото, па лесно стануваат жртви на анксиозност, депресија и други проблеми со менталното здравје.

Едно истражување спроведено во Велика Британија покажува дека една од десет жени „мрази сè на своето тело“, а над третина сведочат дека притисоците доаѓаат од социјалните мрежи. И како што славните стануваат поискрени за процедурите што ги пробуваат на себе, така и младите луѓе се инспирираат самите да пробаат.

Др. Тамара Грифитс, од Британската асоцијација на дерматолози замолува ако ништо друго, барем да не се боцкаат луѓето импулсивно.

„Ако имате 20 и нешто години, размислете два пати. Немојте преку ноќ, или спонтано, поминете некое време во размислување зошто ви е тоа потребно.“

16 септември 2022 - 00:01