Знам бе дека има нож!

Нејзиното Височество, Елизабета II ја снимаа како сече огромна торта на еден настан во друштво на Кејт Мидлтон, војвотката Камила и организаторите на нејзиниот Платинумски јубилеј. Со меч. Ја сечеше тортата со меч.

Од нејасни причини, но кога ќе размислиш - од совршено јасни причини, кралицата се дофати за најблискиот меч, што некои луѓе ги натера да се запрашаат од кај мечот, што мајка барал таму и кој го оставил.

Тука не е толку интересното. Интересното е во тоа што некој срамежливо ќе и рече,

„Имате и нож“.

На што, кралицата вика, „Молам?“

„Имате и нож, ако сакате.“

„Знам бе дека има нож!“

Што значи дека со своите дражесни и фасцинантни 95, Елизабета баш ја заболе за јавното мислење околу нејзините преференци за сечење торта и едноставно - сака да сече торта со меч, бе.

И очигледно е крајно фино расположена периодов, затоа што се расфрла со досетливости - на еден друг фенси настан, позирајќи за фотографија со други светски лидери на G7 самитот, најкежуал си праша:

„Треба да изгледа како да уживаме?“

На што, Борис Џонсон одговори,

„Да. Уживаме, без разлика како изгледа.“

Отидовме на список за пазарење да си ставиме меч за сечење торта, чао.

15 јуни 2021 - 10:57