Во 2015, австралиски музички сајт посочува сличности меѓу Sweet Child O‘Mine и една песна со наслов Unpublished Critics од бендот Australian Crawl.
„Песната ја има истата прогресија на акорди, сличнa мелодија на стиховите и продолжениот вокал со еден слог од рефренот,“ тврдат од сајтот.
За кратко, статијата е избришана.
Unpublished Critics ја има на албумот Сироко што го издава Гефен Рекордс во 1981, повеќе од шест години пред да излезе Sweet Child O‘Mine. И Гефен се случајно издавачи и на Ганс енд Роузис.
Главниот пејач на Australian Crawl за Дејли Мејл изјави дека „не е незамисливо ГнР да ја чуле песната, пред да ја напишат нивната“, но сепак не ги обвини за плагијат. И плус додава: „Немам намера да ја призивам моќта на адвокатите на ГнР.“
Не обрнал многу внимание на Sweet Child O‘Mine кога излегла, повеќе го интересирал спотот и се прашувал дали се надувани.
Басисот на ГнР, Меккеган призна дека сличностите се доста зачудувачки, но сепак и дека:
„Не сме копирале од нив! Се колнам, ја немав слушнато песната до пред два дена.“
Се согласува и гитаристот на Australian Crawl:
„Сличностите меѓу двете песни се сигурно коинциденција. Повеќето рок/поп песни се базираат на неколку едноставни прогресии и истите тие прогресии се повторуваат со различни стихови, мелодии и инструменти преку нив.“
Еве, проценете сами: