Еден историчар, д-р Боб Николсон, проучувал издание на магазинот Тит-Битс од 1889 и налетал на интересна статија каде што од весникот ги прашуваат читателките „Зошто си сингл?“
Одговорите се епски:
Затоа што на располагање имам и други професии, со помалку саати, пофина работа и подобро се платени.
-г-ца Флоренс Вотс
Затоа што (како парче редок порцелан) сум кршлива и поправлива, но тешко се поклопувам.
-г-ца С. А. Робертс
Џон, кој го сакав, на работа го замени девојка која ја работи истата работа, за половина од платата што ја заработуваше тој. Не можеше да заработи доволно за да одржува дом, па отиде во странство; како последица, јас сум сѐ уште стара мома.
-г-ца Е. Џонс, 32 години
Затоа што бракот е како електрична батерија, кога еднаш ќе се допреш, не можеш да пуштиш колку и да боли, како кога ќе летнеш по тобоган, мораш да дојдеш до крајот, колку и да боли.
Затоа што сум Англичанка, а Американците го монополизираат пазарот.
-г-ца Џеси Дејвис
Затоа што не планирам да си ја проширувам менажеријата на миленичиња, а животното-маж го сметам за далеку потешко од куче, помалку галливо од мачка и понеинтересно од мајмун.
-г-ца Спероу