„Со Лиса ги завршуваме договорите како извршни продуценти на филмот со студиото и одиме напред со цела сила,“ изјави Сорвино.
Има само мала пречка во пишувачкиот процес - оригиналната сценаристка, Робин Шиф пишува и за „Емили во Париз,“ што во моментов е во пост-штрајк продукција, а „Годишнината од матура на Роми и Мишел“ е од нејзината тастатура - драмата Ladies Room. Ним им вреди да ја почекаат.
Инаку, костимите во филмот што миленијалци, па и Икс-генерација уште ги памтат ги дизајнираше Мона Меј од Clueless, па да се надеваме дека и неа пак ќе ја викнат.
Оригиналниот филм е за две најдобри другарки кои се соочуваат со 10-годишнина од матура и смислуваат лага: Дека измислиле пост-ит ливчиња и станале „бизнисменки“ преку ноќ, за да ги импресионираат старите соученици.
Сега не знаеме дали нè чека 40-годишнина и кој со кого завршил. Нема датум, но веќе се зборува за филмот и богами ќе биде освежување меѓу сите суперхеројски на кои сме изложени.