А имаш и вакви идеи од карантин:

Влакната како обид да пркосиш на мејнстримот - и зошто НЕ

Просто е неверојатно како луѓето од една глупа работа како бричење или небричење влакна по тело можат да направат цела егзистенцијална драма околу поентата на животот и растењето како личност.

Што избравте да правите додека бевте затворени? Девојчево решило дека има за бирање, ама не што да прави, туку што да НЕ прави.

Во моментов не сме сигурни ни дали смее да се дискутира оваа тема, со оглед на тоа што да бевме светски медиум, секоја недела ќе бевме cancelled за нешто.

Но, еве ја Кристин Кенинг, што за Women’s Health го споделува нејзиното карантинско патешествие со недепилирање.

„Од влакната на телото сум се срамела отсекогаш. Не знам што беше причината, но се сеќавам на еден куп ситуации кога стравот изгледаше оправдан: Машките во клас исмеваа луѓе што беа на пат за споени веѓи, или јас бев една од ретките во соблекувална со срамни влакна и сите ме зјапаа. Така разбрав дека телесните влакна се лоша работа и отстранувањето, колку и да беше болно и иритантно - беше апсолутно потребно.“

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Kristin Canning (@kriscann) on

„Проблемот е што, моите влакна никогаш не ми пречеа. Само бев извадена од памет дека ќе ми судат.“

Факт е дека карантинот, особено за луѓе што живеат сами беше изговор да се… запуштат некои работи. Ама тоа, ете не си со СКРОЗ средени веѓи. Или доаѓа време за депилација… ај за некоја недела. Или ај, што морам сега да се фарбам - до тука некаде, и секогаш мислиш дека твоето е најстрашно, додека не се појави човек што го однел подалеку, и не само што го однел подалеку, туку и го претворил во еманципирачка приказна на прифаќање себеси. И теоретски, ова е за поздрав. Само што, не ни е прв избор, за себе.

„И тогаш се случи пандемијата. Прво, престанав да се бричам, затоа што… Што е поентата? Со никого не се гледам, а и онака за други сум го правела тоа. Плус, држење до таква рутина за време на светска пандемија ми изгледаше напорно и тривијално. И помислив дека ми е ова шанса да си го пуштам телото да си тера. И беше одлично. Туширањето ми е брзо и едноставно, а на кожата никогаш не ѝ било подобро. Бикини зоната повремено ја кратам со ножици затоа што знае да стане неудобно. Се приврзав кон влакната, и секогаш кога ќе ги видам, добивам чувство на гордост, како кога ќе ти пораснат малку ноктите. Прво излегував со долги ракави и ногавици, ама откако се стопли се шетам и разголена. За непознати не ми е проблем, прво ми беше проблем да се појавам пред луѓе што ме привлекуваат.“

И стварно, се запрашува човек што понатаму и како со тие луѓе. Ни на крај памет дека ова ќе биде љубовна приказна со среќен крај. 

Накратко, се гледала со некој тип уште пред карантинот. За време на карантинот, се среќавале на дистанцирани состаноци, со трчање, возење точаци и слично. И кога се разгибавале, свесна била дека може да види колкав цел свет се случува кај нејзе под мишка.

И ништо!

Човекот немал проблем со тоа, што нејзе ја води до заклучокот дека ако таа не крева паника на темата, никој нема.

Само што… Еве ние од оваа страна на статијата во Women’s Health благо паничиме. Може е навика и маркетинг - со децении влакната се рекламираат како „гадно.“ А може и не сме криви, туку едноставно, (и крајно непопуларно како мислење), некои работи имаат врска со естетика и точка.

Крајната поента овој пат не е феминацистичка. Што не значи дека не е проблематична во однос на нејзиниот личен заклучок, кој некои би го нарекле „малце глуп“.

Кенинг вика,

„Чудно е како требаше да се случи пандемија за конечно да сфатам дека опсесијата со внимание да не се издадам дека сум влакнеста никако не ми додаваше среќа во животот. Но, сепак е една мала, позитивна работа што излезе од сето ова. Со сѐ што се случува, тоа што влакната не престанаа да ми растат ме потсетува дека ни јас не престанувам да растам. Има некое задоволство да ги гледаш како стануваат подолги. Иако личи како животот да ми е замрзнат од почетокот на март, моите влакна ме потсетуваат на поминатото време. Знам дека се само влакна, но тоа што ги оставам да постојат ми дава чувство на слобода.“

Заклучок: Просто е неверојатно како луѓето од една глупа работа како бричење или небричење влакна по тело можат да направат цела егзистенцијална драма околу поентата на животот и растењето како личност. Како од едно „е, ме мрзи да се бричам“ стигаат до хвалоспев на влакното како сведок на минливоста на времето.

Влакно.

Да не веруваш.

Уште еден заклучок: Влакната како обид да пркосиш на мејнстримот е мода што треба да се батали, не од неестетски причини туку од што е досадно - сите имаме, некои ги вадиме, некои не ги вадите, ама одамна сме апсолвирале дека постојат - и толку.

А зошто не? Па, просто. Не треба да завршиш факултет, да напишеш докторат, да влијаеш на општеството и да работиш деноноќно на некаква цел - за да имаш влакна.

16 јуни 2020 - 15:55