Викторијански тинејџерки

Од такви само слики имаме видено. Ама сега ќе видиме и видео од жени што биле тинејџерки во Викторијанската ера.

Две жени кои во ‘70-те имале по 90 години зборуваат за младоста во 1890-те.

Замислете.

Френсис Ефи Џонс, една од првите жени што добила обука да користи машина за пишување и што возела велосипед како хоби, се сеќава на нејзиниот живот како млада, вработена жена во Лондон.

Берта Рак, романсиерка, се потсетува на нејзините формативни години во уметничко школо и културниот шок што го доживеала откако се преселила од нејзиниот зафрлен дом во рурален Велс во калливиот хаос во срцето на викторијански Лондон.

Заедно, ни даваат фасцинантна орална историја - а Бибиси мудро тоа го овековечува.

25 август 2022 - 00:01