Утринска рутина од 1937

Morning routine стана феномен само затоа што доби масовно медиумско внимание, а со денешниов интернет лесно се оди на виралност. Денес редовно се вергла на темата, а постои отсекогаш. Барем, минимум од ‘30-те.

Прикажано преку луксузните чекори на актерката Констанс Бенет, сосе куќна помошничка.

Прво, станува од спиење како сите што стануваме (како на филм), и откако со полна фаца шминка ќе нè предупреди дека прво треба крема на чисто лице - почнува.

Тука веќе, како и кај сите нас дома, доаѓа помошничката и ѝ соопштува дека кадата ѝ е подготвена. Констанс врз пудрата ќе си нашлапа маска за тен, па ќе си влезе на бањање. Саат нема, ама затоа помошничката се слуша како негодува: Г-це Бенет, па веќе е 15 до 8!

Исто.

5 април 2023 - 00:00