Ако уште не сте сретнале, еве: на ТикТок профили имаат еден куп психолози и објавуваат под хаштагот #tiktoktherapist. Легитимни се и на платформата се за да шират свест за ментално здравје, совети и смешни клипови.
Сепак, дали помага да ги заследиш?
„Мислам дека сѐ што помага да се уништи стигмата за ментално здравје е од помош,“ вели Рејчел Герстен, советник за ментално здравје и ко-основач на њујоршкото Вива Велнес. „Овие профили ги прикажуваат терапевтите како реални луѓе со кои можеш да се најдеш на иста бранова должина, како се смешни, како се нормални.“
Со други зборови, да ги гледаш на ТикТок може самата тема психотерапија да ја направи помалку страшна.
Сепак, не се замена за вистинска терапија.
Можат да се научат стратегии за справување и да се најдат добри совети, но гледањето психолози на ТикТок не е исто со терапија. Не се добива наменски совет како кога би отишле на разговор со психолог, а се пропушта и психолог-пациент односот што се создава.
Ако имате проблеми и сметате дека ви треба помош, побарајте ја. Во меѓувреме, заради забава и инстант-помош за понесериозни ситуации, има акаунти што можете да ги заследите.
Ако сте анксиозни:
Надиа Адеси, отворена за сопствената борба со анксиозност, што значи советите ѝ се екстра-корисни.
Ако имате пост-трауматски шок или сакате да научите за траума:
Шани Тран, која вика, терапијата не е секогаш културолошки инклузивна, а треба да биде.
Ако сакате совети + хумор:
Џастин Падер (Justin Puder) не се плаши да се шегува за процесот на терапија и споделува совети за врски, жалост и други нешта.
Ако ви треба совет за буквално сѐ:
Маркиз Нортон (Marquis Norton) зборува на секакви теми, на најдобар можен начин: злоупотреба на алкохол, токсични врски, негативни начини за справување…
Ако ви треба малку охрабрување:
Плус анксиозност, депресија и врски - Џули Смит споделува охрабрувачки пораки.
Ако имате специфични прашања:
Кај психијатар Мелиса Шепард, редовно одговара прашања.
Ако се борите со самодоверба:
Коџо Сарфо (Kojo Sarfo), има серијал од пет дела за тоа како да си ја подобрите самодовербата.
Ако имате нарушување со недостаток на внимание:
Линдзи Флеминг покрива еден куп различни теми, но дефинитивно треба да ја заследите ако имате проблеми со внимание затоа што често зборува на таа тема.
Ако имате драма во врска:
Шејн Биркел е терапевт за парови и неговиот ТикТок е главно за врски. Можете да гледате и заедно со партнерот.
Одете и лечете се. И не заборавајте да се лечите убаво, со психолог или психијатар ако имате потреба.