Инспирација за маникир може да се собере од секаде. Главно гледаме сезонски, како сега на пример што можете да одите да ви нацртаат нокти со дедомразовци и елки.
Ама не бидете бејзик.
Блејк Лајвли објави фотографија од тазе правени нокти на Инстаграм - овални со бои на сенф, бордо, розево и цветни дезени што си ги нарече „тапет кај баба со антиквитети“. Се заблагодари на таа што им е „Ане Нокти Евтино“ на славни личности, се вика Ел Герстин, а Алур ги нарекува бапски нокти без напор дотерани за 2022.
Во постот, патем, Лајвли ги тагна и Хаус оф Хакни, британски бренд за внатрешно уредување познат по дезенирани принтови што веројатно значи дека од таму и се инспирирала.
Бабите се многу шик во последно време, инаку - ви текнува на „бапско шик“, на бапските џемпери и старинските парфеми? Истата естетика може да те направи и Гучи модел.
Sирнете ги бабите за инспирација, нема да згрешите.