Некои луѓе се обидоа да предупредат дека до вакви работи ќе дојде заради таа глупа политичка коректност, ама кој да слуша. Се работи за следново: Деновиве од Forever 21 беа принудени понизно да се извинат, откако беа нападнати од сите страни (читај: Твитер) дека ругаат луѓе за прекумерна тежина, а до тој заклучок се стигнало, пазете: затоа што пратиле диетални барчиња. Оние со мусли, демек чоколатца, ама не се чоколатца, за казнети се.
Сега ќе се објасниме.
Проблемот е што, кога муштерии нарачувале од plus-size колекцијата, добивале такво поклонче. Forever 21 излезе со изјава дека понекогаш ги изненадува муштериите со бесплатни тест-производи од соработници и тоа за сите категории и величини, не само за муштерии што купуваат plus-size облека.
Сепак, се извинуваат:
„Ова беше превид од наша страна и искрено се извинуваме доколку некој се навредил, бидејќи немавме воопшто таква намера.”
Минатата недела, Твитер-корисниците споделуваа слики од Atkins Lemon Bar-от што го добиле со испорачаните производи. Некои од тие со крупни коски и јавно се обратиле до Forever 21, „дали сака да каже дека треба да ослабнат.”
„Од 24-ка дојдов до 18-ка, се уште спаѓам во крупни, па нарачав фармерки од @Forever21,” вели една на Твитер. „Го отворив пакетот, и внатре најдов Аткинс бар. Што сакате да ми кажете Forever 21, дека сум ДЕБЕЛА, ДА ОСЛАБНАМ? Вакво им давате на ЖЕНИ ШТО НЕ СЕ ПЛУС-САЈЗ?”
И глејте, чудо - Forever 21 навистина им праќа вакви работи на сите, не само на тие „со повеќе материјал за сакање.”
Еден од поразителните твитови за „обесправениве” е:
„Јас сега нарачав еден куп S и ХS ствари и јас добив такво, мислам дека не е нешто лично…”
Дури и Аткинс се огласија, дека се „фокусирани на нутритивен пристап и животен стил со кој секој би можел да има придобивки за здравјето и општата состојба. Идејата зад подароците од Аткинс е да се споделат грицки со супер вкус и оптимална нутритивна придобивка.”
Сега јасно ви е зошто насловот е таков?