Тајните на индустријата за убавина не се веќе тајни

Благодарение на оние Јутјуб канали со 5-минутни финти за „направи сама”.

Како подолго да трае шминката, како да се спасиш од лузни, од масла што ги има во средствата за коса, каква пудра имаш и колку е мрсна...

Зошто сите тие туторијали за шминка инсистираат на прајмери, зошто е многу битно да ја хидрираш кожата пред да се шминкаш, и меѓу поинтересните - како до розева коса без грам хемикалија.

Единствено што знаеме дека не е баш паметно, а го има, е шприцање на шминката (тушот, поточно) со лак за коса, што е ужас за на лице, ама па, може ќе ви затреба за сценска шминка по други делови од телото.

И тоа полжавот. Полжавот е скроз симпатичен, ама па да го пуштиш да се шлае по тебе за хидратација, наместо уредно да си купиш нешто за хидратација на кожа... Некако, не.

Во секој случај, имаме 11 минути топ совети за убавина, од шминка, до чистење и оддржување, и 98% можат ептен да ви се најдат.

Скроз корисно:

30 јули 2019 - 14:17