Сте виделе трујачки чајник?

Какви сè работи не им текнувале на историските психопати. 

Постои нешто што се вика assassin's teapot, или „чајник за убијци“ - досетливост и иновација до небо и бескрајна подмуклост - со финта да го отруеш непријателот, притоа убедувајќи го дека пијалакот не му е пипнат со тоа што пред него ќе ја испиеш твојата чашка на екс.

Дури три различни течности можеш да истуриш од него, значи ако им требало еден отруен, еден успан и еден жив-здрав, можеле да го постигнат тоа со неколку потези на прстите.

Сè е ова симпатично додека го сметаш за историски артефакт, како и средновековни справи за мачење што фала богу не се користат денес.

Ама дека го има на Амазон?

22 јуни 2023 - 14:43