Спремете се за еден од поодвратните предизвици на ТикТок

Триста базени во Шпанија беа принудени да затворат поради таканаречениот „кафеав предизвик“ и да, има врска со гомна.

Почнало како језива практична шега раширена на Инстаграм и ТикТок, а претворено е во многу реална криза за јавното здравје - предизвикот е или вршење нужда директно во јавен базен, или носење на фекалии во кесичка и истурање во базенот.

Крајната цел е да се сними моментот и да се објави на интернет, за - базенот да мора да затвори?!

Во Шпанија се веќе затворени 300 базени, затоа што фекалии во вода се сериозен проблем со оглед на фактот колку видови бактерии и вируси можат да рашират - норовирус, салмонела, паразити како криптоспоридиум (што ни хлор не го убива). Ако на пример голтнете вода „оплеменета“ со кафеавиов гаден предизвик, може да очекувате болки во стомак, повраќање, треска, дијареа и така натаму.

По закон, после нешто вакво, во Шпанија базените мораат да останат затворени за јавност 24 до 48 часа, а трошоците за празнење, чистење и полнење, па хлорирање и тестирање не се занемарливи. Штетата се зголемува со пропуштените посети, откажувањето настани и на крај - општата непријатност.

„Шегаџиите“ ги казнуваат со 1000 до 3000 евра и нормално, забрана за влез во базенот.

Во меѓувреме, базените појачуваат на обезбедување, ама тешко е на време да се забележи проблемот.

14 август 2026 - 11:31