Еден канал на Јутјуб, Минти Комедик Артс тврди дека постојат 10 (минимум) ствари што не сме ги знаеле за тој филм. Со оглед на тоа што е направен co '92-ра кога не можеше така лесно да се гаси жед за дознавање на секој можен детал за нешто што ќе те воодушеви, добредојдени се Јутјубери што се фаќаат за антологиски парчиња.
Приказната се вртеше околу две жени „во години” (Мерил Стрип и Голди Хоун) што никако не се справуваат со стареењето, и нивното закачање околу еден мутав маж, кој го играше Брус Вилис. Вежбајќи одлични ефекти за тоа време, филмот се развива со тоа што и двете пијат некаков еликсир за младост и бесмртност, но бидејќи се работи за хорор-комедија, се разбира дека ништо од тоа не е на ниеден начин романтично.
Се потсетуваме на едно време кога на вакви сценарија работат филмски великани, па никако не може да се лоши.
И дознаваме ново. Дали на пример, знаевте дека специјалните ефекти од овој филм довеле до технологијата на специјалните ефекти во Џурасик Парк?
Или дека Ернест требал да го игра Кевин Клајн, ама (фала богу, не дека ќе беше лош, ама сепак) одбил?